Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

Објавено June 19, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ.

-Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, рече Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.

Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. следниот месец.

Синдикатот во известувањето доставено на 16. месецов реагира и на неодамна објавениот оглас за нови вработувања во М-НАВ, за кои оценува дека „не одговараат на реалните, итни и суштински потреби на компанијата“. Бара поништување на огласот, а евентуалното пополнување на работните позиции да се изврши преку прераспоредување на постоечки вработени во М-НАВ преку интерен оглас или со додавање на работни задачи на недоволно ангажирани вработени како и одделенски реорганизации и рационално прераспоредување на постојниот кадар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“
Следна Статија Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Јанев: Злодело е постоење на ваков објект толку години

Обвинителот Борче Јанев во читањето на пресудата за пожарот рече дека ваква трагедија не се памети и дека има и…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните, туку дели проекти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека оваа Влада не ги дели граѓаните, работи за…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Објавена меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи објави национална и меѓународна потерница за поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Ковачевски е недостапен…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?