Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската: На политичката сцена празен простор не останува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската: На политичката сцена празен простор не останува
ПОЛИТИКА

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската: На политичката сцена празен простор не останува

Објавено January 18, 2026 15:45
Сподели
Сподели

На политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако Вие се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор, вели премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали СДСМ, со неучеството на лидерската средба остава простор за Левица да биде главна опозициска политичка партија.

-Дали тоа ќе биде таа политичка партија за којашто вие говорите, дали некоја друга, дали некоја можеби нова, трета, не знам. Но, во суштина, кога вие го напуштате просторот политички, тогаш некој друг тој простор ќе го запоседне. Едноставно така функционираат работите во животот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Мицкоски, исто така, нагласи – ние сме Влада, сме ја добиле довербата од граѓаните и треба да се однесуваме зрело.

-Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за разговор и за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Сите присутни на лидерската, Мицкоски подвлече дека по средбата, дале изјава во којашто „јасно ја потенцираа конструктивноста на истата и дека на таа лидерска средба изоболувало, квалитет, предлози, мислења и т.н.“

-Мене како организатор и претседател на Владата тоа ми претставува задоволство. Тоа што СДСМ одлучи да се самоисклучи, тоа е одлука пратпоставувам на актуелното раководство на СДСМ. Повторно ќе кажам, кога мене би ме прашале за совет, јас не би им го советувал тоа, но тоа е нивна одлука, изјави Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари
Следна Статија Претрес кај судијата Ѓоко Ристов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Добро е што градоначалничката на Град Скопје конечно реши да се разбуди од зимски сон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан со која разменија мислења за продлабочувањето на пријателските односи…

February 4, 2026
ПОЛИТИКА

Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?