Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за уставните измени: Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме

Објавено November 13, 2025 14:16
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски при извршениот увид на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром одговараше на новинарски прашања.

Следната година треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра, поради задолжувања од минатото, не од оваа Влада, во буџет од повеќе од 6 милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери плати, комунални трошоци, и треба да вратиме повеќе од 2 милијарди евра. Некој којшто душмански ја задолжил државата и неродените генерации- рече премиерот.

Мицкоски праша: Ако јавноста мисли дека треба да ги дуплираме платите на обвинителите и судиите слободно да кажат, и ја понуди својата плата како донација.

Да судат и обвинуваат согласно закон, а не како што прават до сега – потенцира Мицкоски.

Тој кажа дека знае за обвинувањата што следат кон него, но не може, моралот не му дозволува да се согласи за зголемување на плати на луѓе коишто имаат никаков рејтинг.

Ако тоа е клучната реформа која треба да ја направиме, јас нема да ја направам и не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителство и судовите од најразвиените земји во Европската Унија. Тоа не можеме да го направиме, рече Мицкоски.

Ова се реформите и јавноста треба да знае дека реформите се за повисоки плати. Реформите не се за некои суштински измени или незнам какви. Такви има во Кривичниот законик и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот Суд и тоа ќе го направиме до крајот на нова година да влазат во Парламент и да направиме една општа колентивна амнестија во општеството и сите криминалци што се во затвор да излезат – рече тој.

Мицкоски истакна дека секој треба да има одредена одговорност пред да донесе било каква одлука.

Претходната Влада го измени Кривичниот законик така што направија да имаат многумина политичка амнестија и сега кога ќе го смениме ние без разлика дека ќе покренеме дело против некој од претходната Влада, тој ќе се повикува на тој што го донесоа на шверцерски начин во Парламентот под европско знаме. Тогаш сите молчеа што денеска се гласни. А, денеска ми велат Извештајот вели така и така. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше една реченица во Извештајот. Зашто? Затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури, да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што треба, не окана како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме се што е во наша моќ е да ја завршиме домашната задача – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека доволно се правеле отстапки.

Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме „фронт ранери“. И кога ќе смениме име и презиме за 3-4 години сме во Европската Унија, тие 3-4 години изминаа пред 3-4 години. Кај сме ние денес? Онаму кај што бевме пред 25 години. Да го смениме Уставот најдобри ќе бидеме и уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго – најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во Европската Унија – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека оваа Влада нема да го дозволи тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Блерим Беџети доби кривична пријава- голема полициска акција во Сарај
Следна Статија Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Будимпешта со излагање на сесијата посветена на економска сигурност и меѓусебно поврзување

Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ)…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Сите новинари и медиуми  при известувањето за погребите на жртвите од пожарот во Кочани да се придржуваат кон етички принципи…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реакција, поведена е истрага

Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓани денеска почнаа целосна блокада на Дошница

Граѓани од цела Македонија, здружени преку иницијативи како Спас за Дошница, Зелена народна стража и Changemakers4all, започнаа целосна блокада за…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?