Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во врска со иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, по што ќе постапи во рамки на своите надлежности.
Тој посочи дека барањата за засилени инспекциски контроли и постојан надзор веќе се применуваат и не претставуваат пречка за институциите.
Во однос на можната дислокација, Мицкоски нагласи дека од аспект на Владата тоа не е спорно, додавајќи дека секој проблем што ги засега граѓаните е подеднакво важен и за извршната власт.