Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

Објавено May 5, 2025 23:20
Сподели
Сподели

Македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината. Затоа овој јубилеј нека не биде само момент на сеќавање туку и миг на будење, миг кога повторно си кажуваме – ова е наше, ова е вредно, ова е вечно, истакна претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва на свечена академија во Македонскиот народен театар по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Цитирајќи ги Мисирков и Конески, спомнувајќи ја заложбата и на нивните претходници – просветителите, преродбениците и учебникарите, премиерот нагласи дека тие се грамадни личности кои ги поставиле темелите на јазикот како идентитетско обележје и затоа, рече, иако е кодифициран и станал официјален во 1945, јазикот постои многу векови.

-Пред 80 години на оваа почва се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели. Секој од нив вложи збор, мисла, срце, истакна претседателот на Владата.

Порача дека јазикот „не е нешто што се чува во витрина“ и мора да се говори, да се создава и да се развива, а за таа цел, рече, најголема надеж се младите. Им се обрати и на Македонците во дијаспората со порака на идните поколенија да им го пренесуваат македонскиот јазик кој, рече, е „нераскинлив дел од нашето национално ткиво“.

Мицкоски прати порака и за важноста за зачувување на јазикот затоа што во 21 век, рече, судбината на малите народи е „постојано да се потврдуваат, борат и да држат до своето право на идентитетско обележување“. Нагласи дека нив ги загрозуваат моќните пропаганди кои „удираат по идентитетските обележја“.

-И неретко ние како народ сме ги имале таквите удари. А болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму поради разни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас нѐ потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет и јас како претседател на Владата нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и за нашата заедничка татковина. И тука не смееме и не сме сами, истакна Мицкоски.

Тој изрази почит и благодарност на институциите и поединци кои се посветени на македонскиот јазик: Институтот „Крсте Мисирков“, МАНУ, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и сите универзитетски катедри за македонски јазик, Министерството за образование и наука и наставниците, издавачи, поети, преведувачи, медиуми.

Мицкоски истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, во проекти и поддршка на институциите што нив ги реализираат.

-Преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација. Да поддржува издавачи, медиуми, писатели и наставници, да ги зајакнува институциите, како Институтот „Крсте Мисирков“ и катедрите во земјава, но и во странство. Да вложува во програми за изучување и промоција на јазикот преку ниви технологии и меѓународна соработка, да им овозможува на младите нови формира за изразување преку јазикот – и во книжевноста и во јавниот живот, рече Мицкоски.

Свечената академија почна со химна во изведба на Детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски –Луј“ – Скопје, настапи и националниот ансамбл „Танец“ и имаше рецитали и интерпретација на извадоци од дела на македонски автори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денешниот, не е обичен ден: Феноменот 5-5-5 носи големи промени и нема да се повтори се до 2036.
Следна Статија За една деценија детската популација во Mакедонија се намалила за 18 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска уште еднаш вети дека ќе има одговорност за сите што го прекршиле законот,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателот на Европскиот совет Кошта

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска престојува во еднодневна…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?