Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

Објавено March 13, 2026 10:52
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

„Добрата вест за македонската економија и граѓаните е што растеме, 2025 година ја заврши во првите 5 во Европа, и тоа се факти, веднаш после Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Еуростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест, седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери во регионот и во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто домашниот производ. Заедно со ова можам да кажам дека во првите два месеци од годината имаме двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, што значи економијата добро оди, се плаќа данок на додадена вредност, нема веќе толку сива економија, и при увоз во земјата и во внатрешниот промет, добивката е поголема, данокот на добивка, од минатата година, што значи дека компаниите работат и профитираат, зголемени се придонесите, што значи качени се примањата на вработените од 12 до 13 проценти, така што апсолутно почетокот на годината ветува одлична економска година“, посочи Мицкоски за ТВ Ора 24, додавајќи дека сето тоа зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергенсите и светската економија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако сте родени под овој хороскопски знак, петок 13-ти може да ви донесе среќа
Следна Статија САД привремено ги ублажија санкциите за руската нафта поради енергетскиот шок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Собранието даде зелено светло за укинување на царините за стока од САД

Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за царински тарифи. Со изгласувањето на овие измени, Собранието даде…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Собранието ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Со 88 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржани“, Собранието денеска ја донесе Одлуката за продолжување кризната состојба за…

July 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миновски: Критична инфраструктура – енергетиката како прашање на државна безбедност

Предизвиците од политичката нестабилност и конфликтите во Украина и на Блискиот Исток неминовно го наметнуваат прашањето за управување со ризици…

March 12, 2026

Berkelшки Хатавеј го зголемува платата на новиот извршен директор Грег Ејбел на 25 милиони долари

Ејбел го презеде раководењето на Berkelшки Хатавеј на 1 јануари, наследувајќи го легендарниот инвеститорВорен Бафет

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?