Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нашата политика е силна Македонија, со силна економија, со владеење на правото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нашата политика е силна Македонија, со силна економија, со владеење на правото
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е силна Македонија, со силна економија, со владеење на правото

Објавено July 17, 2025 23:06
Сподели
Сподели

Нашата политика е силна Македонија, со силна економија, со владеење на правото, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија годинава потпиша стратешко партнерство со земја членка на ЕУ – Унгарија, потпиша стртешко партнерство со Велика Британија, во исклучително добри односи сме со САД, потпишавме договор за стратешка соработка со Турција, во очекување сме да потпишеме таков договор и со Обединетите Арапски Емирати и први во регионот ја усогласивме нашата надворешна и одбранбена политика со ЕУ.

Во 14 месеци Влада, според Мицкоски, ако се исклучат „полу-вистините, лагите и конструкциите“ нема ниту една коруптивна или криминална афера.

-Онаму каде што можеби сме погрешиле, кога јавноста реагирала сме се вратиле чекор назад. Никогаш не сме биле инаетливи, па со глава ѕид да рушиме. Нормално е луѓе сме, кога работиме многу, грешиме, битно е да се корегираме. Апсолутно тука ја гледам иднината на оваа земја, затоа што оваа земја има огромен потенцијал и тоа се покажува, првите индикатори од оваа година тоа го покажуваат – и во делот на економијата, и во делот на владеење на правото и во делот на структурните реформи, изјави Мицкоски, во интервју на Канал5.

Во однос на наводите во Извештајот за руско и кинеско влијание, Мицкоски вели дека тоа не може да го прифати бидејќи е несериозно да се обвинува без докази, нагласувајќи дека благодарение на унгарскиот кредит „македонскиот бизнис сега плаќа најниска каматна стапка во Европа“.

-Сме повлекле унгарски кредит од земја члена на НАТО и ЕУ и имаме проблем, затоа што постои сомневање дека потеклото на тие пари може да е кинеско, а не е проблем високиот претставник на ЕУ за безбедносна политика во Брисел да го дочека кинескиот МНР и да кажат дека ќе работат на поврзување меѓу ЕУ и Кина. Тоа не е проблем, а проблем е затоа што ние сме земале кредит по евтина каматна стапка за кој што постои сомневање дека е проблем. Тоа е не сериозно. Јас не можам тоа да го прифатам и водам про-македонска политика, про-интересите на моите граѓани, про-бизнис политика да бизнисот добие кредит по каматна стапка од 1,95 наместо 5,95.

Во однос на обвинувањата за „српски свет“, според Мицкоски, најверојатно се мисли на иницијативата Отворен Балкан, но не сака да шпекулира.

-Се знаат ли границите на српскиот свет. Да речеме претпосавуваме и Црна Гора, ама партијата која што е во Црна Гора владејачка и дел од европската Народна партија се Бошњаци кои што пак не се во добри односи со актуелното раководство во Србија. Не би сакал да правам такви паралели, бидејќи се неточни. Единствената асоцијација е, и кога во минатото се доведуваше во контекст тој српски свет, беше т.н. Отворен Балкан иницијативата, изјави Мицкоски.

Во однос на реформската агнеда и доцнењето на законите, Мицкоски вели дека лично го следи процесот, нагласувајќи дека тоа е долг процес, кој што бара многу внимание и работа.

-Имаме одлука од Уставниот суд која што се однесува на Кривичниот законик, оној кој овие прогресивните, про-европски со жестока желба да се борат за вредностите го донесоа само со една цел да се амнестираат себеси и оние, кои во тоа време, мислеа дека ќе им помогнат во уривањето на Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Има време, но тоа е долг процес кој што бара многу внимание и многу работа и ќе се донесе до крајот нагодината, изјави Мицкоски.

Законот за Судски совет, Мицкоски посочи дека е влезен во владина процедура и ги следи препораките на Оценската мисија. Законите за јавното обвинителство, за судовите, за службата во судовите, за службата во јавното обвинителство, за платите и надоместоците на Судскиот совет и за платите и надоместоците на Советот на ЈО, Мицкоски рече дека сите се готови и имале состанок со министерот за правда и со министерката за финансии и дека се прави компаративна анализа како е во Европа, по што ќе се излезе со компаративна анализа за платите на Советот на ЈО и Судскиот совет.

-Сите овие шест закони се однесуваат на платите, бидејќи таму имаме процент од БДП со кој ова треба да се регулира. Ние немаме против, но ако меѓународни финансиски институции велат имате преголем буџетски дефицит, не сте го консолидирале. Сега ќе го консолидираме или ќе зголемуваме плати и ќе трошиме. Немаме проблем тоа да го направиме, но ајде ооставете не да ги консолидираме прво буџетскиот дефицит, па потоа да преминеме кон ова, согласно компаративната анализа. Тоа е интервенцијата во овие закони, а се дел од Планот за раст и реформската агенда и треба да се доврши до крајот на годината, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајановски: Македонија се наоѓа во инфраструктурна експанзија
Следна Статија Во запален стан во Струмица пронајдено починато лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Со новиот Концепт за гимназиско образование афинитетите на учениците ќе дојдат на прво место, а со тоа и подобар успех

Ако кажеме дека поединечно, Етика и Логика ги нема, но има Филозофија во која може да се предаваат и Етика…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Конститутивна седница на Советот за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна

Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. На седницата со која претседаваше претседателката Гордана…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?