Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето

Објавено October 11, 2025 16:29
Сподели
Сподели

Знам дека сме во период на избори и во период кога сензитивноста е преголема на сите страни. Но сакам да подвлечам две работи. Првата – дека имаме сериозен проблем дома со испораката на правдата, а клучот на сите заглавени обвиненија седи на две адреси со заеднички господар, порача премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, во својот говор на Свечената академија за денешниото празник.

-Судството и обвинителството се во канџите на политиката, и тоа мора да се ослободат. Не може за милиони украдени пари да не се одговара поради нечија политичка близина. И ако е така, во овие случаи, нема правда, што ли се случува со многу други случаи на граѓани заглавени за ситни, но за нив многу важни предмети – меѓу нив имоти, кривични пријави и граѓански спорови. И за овој ресет на системот што ќе го спроведеме, не мислам на реванш, а во изминативе месеци покажав дека правдата е за сите иста и за, како што вели нашиот противник, „наши и ваши“, и овие категории нема да имаат разлика и за мене се апсолутно непознати. Туку или некој се огрешил, или не се огрешил кон законот. Или е криминалец или не е. Или ќе има правда, или нема да нè има. А мора да нè има и мора да победиме со градење на систем во кој мора да веруваме и што ќе го оставиме на чесните професионалци, посочи премиерот.

Мицкоски ја нагласи посветеноста кон она што го бара народот, а тоа се резултати и работа.

-Можам да соопштам дека и во период на кампања работам на нови инвестиции кои за брзо ќе бидат соопштени и наутро редовно држам состаноци за нови проекти и мерки што ќе ги преземеме заедно со моите колеги во Владата, не само до крајот на годината, туку и во следните 5 до 6 години и што на државата ќе ѝ дадат нов облик и нова енергија. Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето. И тука ќе дадам сè од себе за народот и сите граѓани да живеат подобро, побогато, во систем што нема да ве разочарува и што ќе се темели на принципи и вредности. Мора да знаете на вистинската патека сме и иднината, верувајте, ќе биде наша. И затоа денес, кога ја славиме храброста на нашите предци, нека знаат и нашите потомци дека одиме по вистинската патека, рече тој.

Мицкоски порача дека Македонија оди по патеката на достоинството, на трудот, на знаењето и на победата.

-Патеката по која чекореле тие што не се плашеле од темнината, затоа што во срцето носеле светлина – светлина на слободата. Да, можеби патот не е лесен. Но е вистинскиот. Не е срамен. И тој пат го градиме со срце, со вера и со љубов кон татковината. Секој чекор е за иднината на нашите деца, за младите што сакаат да останат тука дома. Ова е времето на генерацијата што не се двоуми, генерацијата што ја гради својата земја со дела, не со зборови! Генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, за правда и за слобода. Чекориме со истата вера и со истата идеја дека Македонија е вечна додека има луѓе што ја љубат. Чекориме со срце што не се плаши, со народ што повторно се обединува, со генерација што верува дека татковината, да, има иднина. Не е ова патека за кратки победи, посочи тој.

Оцени дека ова е патека на истрајност, патека на работа, на знаење, на дела.

-На вистинската патека нема место за предавства, нема место за страв, нема место за поделби. Од Куманово до Битола, од Дебар до Делчево, од Кратово до Преспа, повторно се будиме. Станува нашата татковина земја што верува во себе, земја што создава, земја што не се плаши да сонува големи соништа. И затоа, со гордо кренати глави, со срца исполнети со љубов, да кажеме гласно и јасно: Ние сме тие што одиме по вистинската патека – за татковината што има иднина. И кога ќе се свртиме и видиме црвеното знаме со сонцето на слободата, да се сетиме дека тоа сонце изгрева само за тие што не се предаваат, порача премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски побара гаранции од Европскиот Совет: ДА за членство во ЕУ, НЕ за билатерални услови
Следна Статија Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Мораме да привлечеме инвестиции со напредна технологија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа година да финишираат преговорите со голем дел од странските инвеститори со кои се преговара и…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е…

February 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?

Традиционално за велегденската трпеза по долгиот пост семејството се собира на ручек на кој вообичаено се готви јагнешко месо,Но традицијата…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?