Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување

Објавено May 10, 2026 19:04
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца.

– На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија, посочил Мицкоски, се посочува во објавата на Фејсбук.

Македонците во Албанија, потенцирал тој, се нераскинлив дел од македонското национално ткиво.

– Вашата истрајност низ децениите е подвиг достоен за почит. Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот и тогаш кога било најтешко. И затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка, нагласил премиерот Мицкоски.

Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, денеска во Туминец организираа посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај.

На брегот на Преспанско Езеро распослани се девет населени места, Туминец е второ по големина во областа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Танчерки од Русија, Бразил, Србија и Казахстан работеле во Охрид
Следна Статија ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Регистриран слаб земјотрес во околината на Кичево и Дебрца

Во 1:23 часот рано утрово е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, во околината на Кичево, соопшти Европскиот…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Помалку дипломирани студенти во 2024 година, повеќето од нив се жени

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7.021 студент, што претставува намалување за…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров

Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што,…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?