Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос: Фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос: Фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос: Фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Објавено January 19, 2026 14:13
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.

Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.

Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.

 

На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.

 

За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.

Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ‘Young 40’: The South Korean millennials mocked for ‘trying too hard’ – BBC
Следна Статија Бук-и најавува изградба на најголемата продавница за брза храна во светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години

Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трајко Вељаноски: Не вреди разговор за „црвени линии“ без одговорност за тие што го погазија македонскиот идентитет

на македонскиот идентитет и интереси со утврдени црвени линии во резолуција изгласана во македонското Собрание, сè додека првин нема одговорност…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?