Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Независноста не е само потпис на хартија, таа е жртва, борба, љубов кон оваа света земја

Објавено September 8, 2025 12:21
Сподели
Сподели

8 Септември не е само датум и никако не е случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ. Денес повторно сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. И повторно мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина што ќе ја оставиме на нашите деца. Независноста не е само потпис и хартија – таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја. Тоа е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации. Да се обединиме, порача премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод одбележувањето на 34-годишнината од осамостојувањето на државата.

Осврнувајќи се на изминатите 34 години независност, Мицкоски рече дека тој како премиер и секој нареден ја има обврската да се поклони пред оние кои зборуваа за независноста, но и оние кои ја споделуваа надежта и копнежот за своја држава

Најавувајќи неселективна правда, подобар животен стандард за граѓаните и борба да се зголеми наталитетот, Мицкоски се осврна и на едно, како што рече, големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и пол децении постоење на независна македонска држава, а тоа е чувството на разочараност од системот.

Во ова мое обраќање не ви говорам за партиските пресметки на ВМРО и СДСМ, ниту пак целта ми е да гледам низ призмата на партиските битки, туку говорам за државничките позиции и анализи кои мора сите одговорни да ги имаат во своите политички анализи. Тоа незадоволство од системот е пред сè поради неправедното водење на политиката, на страшно мачната транзиција, на многу силен криминал кој ја разјаде секоја силна пора во ова наше општество, на неправдите кои ги гледаа, на фактот што многумина што ја водеа државата и одлучуваа за судбините на другите беа дел од криминалниот канцер кој ја разјадуваше државата и се смееја на лицето на правдата. И затоа е впечатокот дека богатите кои нечесно заработуваат, не лежат во затвор.
И ова мора да се смени, а правдата да не прави разлика кој од каде е, кој од која политичка страна доаѓа и кој колку пари има, туку дали го прекршил законот или не, дали сторил криминал или не. И оние кои мислат или се прикажуваат за заштитени од одговорност треба да знаат – сега или малку подоцна правдата ќе ги стигне, порача Мицкоски.

Нагласи дека од првиот ден кога ја презел одговорноста да ја води државата, не заборава на граѓаните и дека државата има иднина, но дека сите мора да придонесеме за неа.

Јас не дојдов на оваа позиција за да направам богатство или име. Дојдов за да оставам трага за мојот народ и да создадеме заедно иднина за моите и сите наши деца. И од првиот ден кога ја имам одговорноста да ја водам државата, до ден денес не заборавам силно и отворено да го погледнам народот, да ги стиснам дланките кои даваат многу за државата. Тие изнамачени дланки се она што сме ние. Тие ја хранат Македонија и го носат товарот од кој сите ние мора да понесеме дел. И тука мора да се однесуваме несебично и да даваме. Нашата татковина има иднина, и сите ние мораме да придонесеме. И јасно да зборуваме за работите кои се закана за нашето општество, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скратена работна недела – реалност и можности
Следна Статија Орбан: Европската Унија се распаѓа пред нашите очи, ако не дејствуваме, следниот буџет ќе биде последниот буџет на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Празијада во селото Градошорци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. Ова е настан кој веќе традиционално го собира…

November 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров, вели Стојкоски

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?