Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Објавено December 15, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата.

Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС кои што шират паника и страв кај граѓаните.

-И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување, смета тој.

Мицкоски потенцираше дека „Владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017тата година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови“.

-Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти, вели Мицкоски и додаде:

„Од прилика тоа е накратко целата филозофија. Но во ред. Еве јас како што реков не можам да ги разберам за нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани. А од друга страна ги разбирам поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн“.

Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата

-Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега семантика бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Обединетото кралство, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои, нагласи Мицкоски.

Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат Резолуцијата.

-Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски
Следна Статија Орбан: Унгарија нема да испраќа пари и оружје во Украина и нема да учествува во воениот заем на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Данела не се појави ниту на една од опожарените депонии

Додека во Скопје горат Вардариште, Дрисла и електронскиот отпад во Трубарево, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска – ја нема,…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од…

June 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?