Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството

Објавено March 22, 2026 17:24
Сподели
Сподели

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече дека на Обвинителството му требаат финансиски средства за ефикасна борба против криминалот.

-Во делот на платите мислам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките се разбира дека тука можеме да разогвараме, да седнеме не само со Обвиниелството, туку и со судовите. Последното, колку што знам, врз основа на планот изработен од Судскиот совет, одобрени нови 200 вработувања за судовите низ земјава, нешто што претставува навистина голем потег – рече Мицкоски.

Тој појасни декас не станува збор за судии, туку за судски соработници и додаде дека не се памети кога последен пат имало ваква бројка на вработувања.

-Оваа динамика ќе продолжиме да ја следиме и понатаму врз основа на Планот и систематизацијата, која сами ја изработија, едноставно ние ниту се мешавме, ниту имавме какви било сугестии како Влада – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Министерство за финансии дало одобрување, односно дека средствата се одобрени.

-Во делот на платите не мислам дека имаме простор за зголемување, посебно имајќи ги предвид генерално состојбите со платите во државата, нагласи премиерот.

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески на 19 март даде свечена изјава во Собранието, а пред медиумите рече дека неговата работа ќе биде во согласност со Уставот, законите, ратификуваните меѓународни документи и меѓународните стандарди. Во однос на буџетот на Јавното обвинителство и новиот закон, новиот државен јавен обвинител рече дека очекува поддршка од страна на другите институции, кои се задолжени за тоа, како и да го види конечниот текст на новиот закон за јавни обвинители.

– И од тука да се почне, да видиме што предвиделе пратенците со донесување на законот, која ќе биде конечната верзија и од тука да се креираат плановите. Факт е дека на Обвинителството му требаат финансиски средства, борбата против криминалот бара финансиска поддршка. За да се бориме ефикасно против криминалот, мора да има услови за тоа. Еден од условите е да имаме финансиска можност да се бориме да го следиме чекорот, секој што го прекршил законот да биде гонет – рече Савески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото туристичко вештачко езеро
Следна Статија Вајдел од АФД: Во Брисел грешат дека трпението на европските народи е бесконечно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија е блиску до склучување договор со САД: Највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Шансата на малите народи да опстојат е во единството и мудро да се пронајдат во интересите на големите играчи на политичката сцена

Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Прво 20 евра, потоа влез: Што нè чека на границите?

Нови правила доаѓаат на границите при влегување во земјите од Европската Унија оваа година, а од 2026 година патувањето ќе…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?