Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Објавено February 26, 2026 19:53
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина.

„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.

Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.

„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо купи акции во овој шпански клуб
Следна Статија Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Јанев: Злодело е постоење на ваков објект толку години

Обвинителот Борче Јанев во читањето на пресудата за пожарот рече дека ваква трагедија не се памети и дека има и…

November 19, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?