Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Објавено January 23, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамките на Светскиот економски форум во Давос во одговор на прашања кои се однесувале на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.

– Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија, но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци ви е потребно одржливо би рекол снабдување со електрична енергија. Значи, некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија, рекол Мицкоски.

Според него, ова ќе значи зголемување на капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно.

– Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик, нагласил Мицкоски во Давос.

Тој кажал дека во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, како што потенцира, не се важни само за Македонија, туку и за регионот.

– Сега развиваме три големи проекти во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но, не само за нас, туку и за регионот во целост. Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада го имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регион е познат како Тиквешки регион, истакнал македонскиот премиер.

Мицкоски нагласил дека како земја практично сме фокусирани на енергијата, но оти во исто време имаме и други приоритети.

– Но, веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборува за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција, подвлекол премиерот на панел дискусијата во Давос.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните
Следна Статија Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На маса со синдидатите е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Владата е силно фокусирана на реформите, а државата е пример за почитување на правата на малцинствата“, моќна политичка порака на Муцунски од Брисел

Пред членовите на комисијата, Муцунски испрати порака дека новата Влада е силно фокусирана на евроинтеграциите и спроведувањето на реформи. Тој…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово бил регистриран земјотрес во 7 часот и 23 минути во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија известува дека потресот е со јачина од 2,2…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром ќе ги зголеми капацитетот и квалитетот на патувањата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, истакнувајќи дека станува збор за…

March 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?