Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра

Објавено June 13, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго време беше запоставен, а кој сега значително ќе ја подобри поврзаноста и безбедноста во регионот.

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, беа реконструирани 24,3 километри од патот, вклучувајќи целосна санација на коловозот, нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Заедно со тоа, се реализираа заштитни интервенции на ризичните косини со цел да се обезбеди долготрајност и сигурност на сообраќајот.

„Овој пат не е само инфраструктурен проект, туку потврда за определбата на Владата да гради со план и визија, без многу галама, но со реални резултати“, истакна премиерот Мицкоски.

Во моментов се реализираат и други клучни инфраструктурни проекти во регионот, меѓу кои автопатот Кичево – Охрид, како и делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, и подготовките за Букојчани – Кичево, што значително ќе го подобрат транспортниот прстен во Западна Македонија.

Премиерот потенцираше дека инфраструктурата не претставува трошок, туку инвестиција која отвора можности за развој на туризмот, економијата и креирање нови работни места.

„Во оваа година имаме значителен раст на туристичкиот сектор, со повеќе од 20% зголемен број на странски туристи во април споредено со минатата година, а и бројот на преноќувања бележи сличен раст“, рече Мицкоски.

Новопуштениот пат ќе ги поврзе туристичките капацитети и плажите на јужниот дел од Охридското крајбрежје со манастирскиот комплекс Св. Наум, еден од најзначајните духовни и културни центри на Балканот, и ќе ја олесни поврзаноста и со соседна Албанија.

„Охрид, како град под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно станува пристапна европска дестинација. Го поврзавме со светот преку нови авио линии, а сега овозможуваме и подобра сообраќајна инфраструктура“, нагласи премиерот.

Мицкоски заклучи дека Владата продолжува со политика на испорака, реални проекти и доверба, градејќи ја иднината на Македонија со труд, чесност и одговорност.

„Охрид заслужува, Македонија заслужува, а ние сме тука да го изградиме она што долго време беше запоставено“, порача тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации
Следна Статија Никнуваат згради на диво додека инспекторите ловат огради

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

„Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка,…

November 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за царините од САД: Очекувам многу скоро да се корегира одлуката

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава. Како што…

April 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија,…

February 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6…

April 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?