Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%

Објавено June 8, 2025 20:19
Сподели
Сподели

Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем. Еве го нашиот предизвик: да не дозволиме Македонија да остане заглавена во стари приказни. Да создадеме нова приказна — ваша приказна. Приказна на успех, знаење, правда и слобода, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Младите на Македонија — вие сте тие што можат да ја променат оваа земја. Вие сте тие што ќе ја направат подобра. Не постои сила што може да ве запре кога верувате во себе и кога дејствувате заедно. Македонија мора да успее. И ќе успее, истакна Мицкоски.

-Надежта сте и вие младите и ова е наша заедничка задача. Македонија ја исправаме и даваме резултати, и нив можете да ги видите на патиштата кои ги градиме, во болниците кои ги реконструираме, во школите и градинките кои ги отвораме, во фабриките и инвестициите кои ги носиме.

Затоа што се што правам во оваа без малку една година е да не биде како до сега. И затоа што тие кои сега се нудат како опција, длабоко во себе знаете дека не се опција, туку враќање назад, додаде тој.

„И кога истите тие ќе речат што направивте, државата не е на правиот пат, патот по кој Македонија ја водевте беше пат на инфлација, стагнација и грабеж. Затоа што денес стигнавме и направивме многу повеќе од многу години кои тие ги потрошија.

Од минусно салдо на раст на бдп и последни во Европа до денешен растот на БДП од 3.2осто и 4та економија во Европа.

Од последни во Европа по странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес“, потенцира Мицкоски.

-Од двоцифрена инфлација до ниска 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство кое беше минус 2, до раст на индустриско производство за март од 5.2. Од автопат Кичево Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов.. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи и денес има одговорност, истакна во своето обраќање Мицкоски.

-Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се градат и осовременуваат. Од срамни и штетни договори до стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Од одземена и обезличена Македонија до Македонија која е повторно ваша, и кажува што сака и за што се бори, рече во обраќањето денес во Велес премиерот Мицкоски.

-Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога артановци и заевци од државата имаа свој пашалак. Македонија се исправа, и победува. Македонија припаѓа повторно на народот. Ова е ново време, рече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски на 34 Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
Следна Статија На Португалија ѝ се потребни повеќе од 14.000 медицински работници за прекувремена работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Nvidia ќе врбува врвен кадар од AI чип стартап Groq преку лиценцен договор

Највредната компанија во светот ќе придобие инженер кој помогна во развојот на Google's Tensor Processing Unit чип програмата

December 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

Владата денеска преку соопштение порача дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

По 250 евра за секој студент, до 30.000 евра за нов бизнис на млади до 29 години, најави Мицкоски за 2025 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека во новиот буџет кој е во изработка за следната 2025 година ќе бидат предвидени…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?