Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

Објавено August 28, 2025 11:25
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на РЕК Битола од каде на сите православни христијани им го честиташе големиот верски празник, Голема Богородица, а на сите граѓани во Македонија им посака пред сè здравје, среќа, љубов за нив и за нивните семејства.

-Ова се денови кога празнуваме, кога се среќаваме, се обединуваме, кога ќе зборуваме за верата, за духовната сила, за сето она коешто претставува предизвик во нашето секојдневие. И убеден сум дека обединети сите заедно, сплотени, сите тие предизвици ќе ги надминеме. Ја користам оваа прилика на оние јунаци, тоа се рударите да им го честитам денот на рударите, да им посакам уште многу убави работни денови, многу успеси бидејќи благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија којашто секојдневно ја вложуваат овде во РЕК „Битола“, рече тој.

Посочи дека ние како држава имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство.

-Би сакал уште еднаш да повторам и да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија. Уште еднаш на крај дозволете ми да го честитам овој голем православен празник Голема Богородица и нека е за аирлија денот, посочи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, му рече Сиљановски на Јанчев
Следна Статија (Видео) Студентите објавија фотографии од повредени колеги и граѓани по синоќешните судири со полицијата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани

Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските. На граничниот премин Табановце за неполн…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во тест периодот од половина месец на „Безбеден град“ намален бројот на лица повредени во сообраќајните несреќи

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина.…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор

Втор ден штрајк со глад на дел од затворениците во затворот во Струга. 13 затвореници започнаа со штрајк поради тоа…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снегот ги блокираше патиштата низ Македонија, еве каде има забрана за тешки товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Забрани за движење на товарни моторни возила воведени…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?