Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не смее да се заборави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не смее да се заборави
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не смее да се заборави

Објавено June 17, 2025 21:59
Сподели
Сподели

Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП.

Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет – изјави премиерот на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола каде се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”.

Тој не ги изостави поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот наследник во партијата, Венко Филипче:

Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, и дека Филипче во Атина е исто што Заев во Атина и Софија заедно.

Ние сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема привилегирани, туку правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе злоупотреби довербата на народот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот на УО Андреја Јосифовски купи акции од Макпетрол А.Д. – Скопје
Следна Статија Во мај пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два случаи на СИДА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Познато е зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

Универзитетската професорка Ана Чупевска, поднела оставка од потпретседателската функција во СДСМ, за време на изборниот молк. Во документот, кој бил…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Нема преговори за промена на химната и грбот

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат…

February 20, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Која е причината што Обвинителството молчи за поклонот „Ауди Q8“ од 130.000 евра за Филипче?

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат ека Јавното обвинителство (ЈО) со денови молчи и не презема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи…

June 15, 2025
ПОЛИТИКА

ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија информираше дека владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?