Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети

Објавено June 10, 2025 17:19
Сподели
Сподели

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на вчерашната акција, ги плаќаат своите обврски кон државата. Но, за жал видовте дека имаме и граѓани кои успеале да затаат данок од рекордни неколку десетици милиони евра. Се надевам дека тоа ќе е случај кој што е исклучок, а не правило. Но, МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и таквите граѓани кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети, рече Мицкоски на новинарско прашање за коментар во врска со функционирањето на УЈП во Струмица после приведувањето на неколкумина инспектори осомничени за „несовесно работење во службата“.

Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје.

МВР вчера соопшти дека поднело кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, дека предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра, а се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, против Г.Т.(48), Д.М.(60), П.К.(67), В.К.(26), K.С.(41), К.М.(40), Н.Ф.(43), М.К.(48), М.М.(68), Е.Т.(61) и З.М.(59), сите од Струмица, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночна измама“, против С.П.(58), С.М.(58), Л.К.(52), Л.Б.(37), С.Т.(66), М.П.(60), Ј.Т.(44), А.К.(35) и Ј.Г.(66), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 15 правни лица од Струмица за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, наведоа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Која земја во Европа дава најмногу државјанства?
Следна Статија Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување

Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да…

July 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупот на тутунот почнува на 15 ноември

Привршуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот, кој законски почнува од 15 ноември и трае до 28 февруари наредната…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?