Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

Објавено December 6, 2025 17:03
Сподели
Сподели

На денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски ја претстави новата стратешка рамка на партијата – Стратегија Македонија 2030, придружена со нова политичка парадигма, Идеолошки кодекс и договор со граѓаните. Според него, ова не е декларативен документ, туку визија што треба да ја трасира државата за генерацијата што доаѓа.

„Овој конгрес е круна на четиригодишниот политички циклус во кој победиравме на претседателските, парламентарните и локалните избори“, рече Мицкоски.

„Но овие победи не се само чест – тие се обврска. Народот и понатаму живее тешко, и ние сме тие што мораат да донесат надеж, правда и иднина“.

Визија за стабилна, продуктивна и европска Македонија

Мицкоски ја претстави Стратегијата 2030 како основа за држава што е:
– стабилна и институционално цврста,
– економски продуктивна,
– европски позиционирана,
– модерна, зелена и технолошки ориентирана,
– самосвесна во својот национален идентитет.

„Визијата не е украс или политичка изјава. Таа е рамка за сериозна и континуирана политика што ја става државата пред дневната добивка. Во следните години ќе се мери зрелоста и на партијата и на државата“, нагласи тој.

2025–2030: клучната раскрсница

Мицкоски оцени дека светот влегува во нова геополитичка етапа, а Македонија мора да има политичка сила со јасна насока:

„Македонија може да напредува само ако знаеме каде одиме. Ниту една мала држава не може да биде силна ако нема самодоверба, јасни принципи и чувство за сопствениот интерес“.

Идеологијата како темел, не како реторика

Говорејќи за Идеолошкиот кодекс, Мицкоски подвлече дека историското наследство не е сентимент, туку обврска:

„Од Илинден, преку АСНОМ, до независноста – секоја генерација ја има истата должност: да ја штити државата институционално, безбедносно, економски и културно. Историјата не смее да биде изговор за застој, туку мотив да бидеме подобри“.

Тој додаде дека државата мора да биде поефикасна, бидејќи „сегашната институционална слабост или корупција се уште понедозволиви кога ќе се погледне колку скапо е платена нашата слобода“.

ЕУ и НАТО со исправен став

Мицкоски порача дека Македонија природно припаѓа на европското и евроатлантското семејство, но не по цена на сопствените црвени линии.

„Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно. Македонија мора да знае да каже ‘да’ кога тоа е во нејзина корист, но и ‘не’ кога се повредува достоинството, принципите или идентитетот“.

Центар-десна модернизација: традиција со развој

ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски, влегува во нова декада како современа центар-десна сила што го спојува патриотизмот со модернизацијата:

„Не сме радикална десница, но не сме ни партија што се откажува од својата традиција. Нашата политика е патриотизам без исклучивост, економија што создава можности и држава што ги штити најранливите“.

Тој порача дека националниот идентитет не е предмет на преговори, а јазикот, културата и историјата се основни столбови на државноста.

„Ова е времето на градење, не на чекање“

Во вториот дел од говорот, Мицкоски упати силна порака за иднината на државата:

„Никој однадвор нема да ни ја напише визијата. Тоа е наша чест и наша должност. Македонија не паѓа кога е тешко – Македонија паѓа кога се откажува. Денес одбиваме да се откажеме“.

Заврши со порака дека следната декада ќе покаже дали Македонија може да биде зрела држава, способна да се издигне над кризите и да гради перспектива за сите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење
Следна Статија Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по средбата со директорката на ЕБРД: Остануваме посветени за развој и раст на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?