Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Потребно е системско решение за аерозагадувањето, развиваме проект со кој ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Потребно е системско решение за аерозагадувањето, развиваме проект со кој ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е системско решение за аерозагадувањето, развиваме проект со кој ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите

Објавено December 26, 2025 15:00
Сподели
Сподели

Владата согласно своите ингеренции ќе постапува по заклучоците што вчера ги донесе Советот на Град Скопје за дислокација на цементарницата УСЈЕ и за вонредни инспекциски контроли врз големите загадувачи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на 120 нови полициски возила за потребите на МВР, тој нагласи дека континуирано се прават вонредни инспекциски контроли.

– Што се однесува до дислокација и тоа не е никаков проблем за Владата. Така што сè тоа што е проблем за граѓаните е и проблем за Владата. Но, сакам да дојдам до суштината, а суштината е дека загадувањето е резултат на децениската негрижа на граѓаните да им се обезбедат алтернативни извори на енергија со кои во текот на грејната сезона ќе ги затоплуваат своите домови, рече Мицкоски.

Според него, потребно е алтернатива со далечинско греење и гас за граѓаните и на источната и на западната порта од градот.

– Тоа е децениска негрижа. Тоа е основната суштина во целиот овој процес. И тука ние како Влада работиме, развиваме еден проект, очекувам почетокот на следната година да ги имаме деталите. Веќе разговараме и со инвеститорот со којшто потпишавме меморандум за разбирање да го развиеме проектот за когенеративна гасна електрана со која сигурни сме дека сериозно ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите на источната порта на градот, а истото ќе го направиме и во западната порта, информира Мицкоски.

За тоа, нагласи, треба време.

– Притисокот е голем, но важно е дека имаме цел и дека чекориме кон реализирање на таа цел. Јас ги разбирам граѓаните. Тие се секогаш во право. Впрочем, ние сите тука живееме, го дишиме истиот воздух, исто како што и во другите градови во Македонија, каде што нема такви производни капацитети, но има вонредно високо количество на ПМ 2,5 и 10 честичките, изјави Мицкоски.

Според него, потребно е системско решение и холистички пристап, подвлекуваќи дека така и работат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: САД најавуваат посебен закон за Западен Балкан против корупцијата – сега е сè јасно
Следна Статија ДДВ за станови останува 5% до крајот на 2028 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Сите ние сме Росица“ – Протест против насилството врз жените – се бара институционална одговорност и санкции

Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство…

September 18, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?