Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто на годишно ниво споредбено со лани

Објавено April 30, 2025 19:35
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави и оцени како одлична вест информацијата за раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година.

-На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%., вели Мицкоски.

Тој, како што информира владината прес-служба, во статус на Фејсбук, појаснува дека како Влада наследиле голем пад на индустриското производство и тешка рецесија на индустријата.

-Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија, вели премиерот Мицкоски во врска со информацијата за раст на индустриското производство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички
Следна Статија Полицаец осомничен дека крадел струја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од денес е пуштен во употреба патот од Охрид до Св. Наум во вредност од 11,7 милиони евра

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св.…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната откупна цена на тутунот е 420 денари

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека…

January 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Прв лет Скопје-Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанчев најави активирање на поранешно „Фени“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“. – Компанијата „Golden Eagle“ – поранешно…

January 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?