Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се што е почнато и заглавено ќе го одглавиме, планираме развој и нови проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се што е почнато и заглавено ќе го одглавиме, планираме развој и нови проекти
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се што е почнато и заглавено ќе го одглавиме, планираме развој и нови проекти

Објавено September 21, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Наша стратешка цел ќе биде се што е почнато и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме динамиката на реализација и тоа го правиме. Пуштаме патишта, пруги, капитални инвестиции, меѓу кои е и браната Отиња. Се разбира дека планираме и развој, кој се проектира и очекувам до крајот на оваа година или првата половина на следната година крупните големи проекти да ги завршиме и да почнеме со нови развојни проекти, преку инвестирање во општините токму тоа и го правиме. Генерално тоа се проиоритетие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во општина Зрновци, каде беше поставен камен-темелник на Дом за стари лица.

Одговорајќи на новинарско прашање за браната на река Отиња во Штип, премиерот изјави дека од првичната пресметка недостасувале околу 2 милиони евра.

– Со ребалансот се обезбедени и тие средства, па од 6 дојде на 8 милиони евра. Значаен проект, нагласи премиерот Мицкоски.

Прашан за браната Речани и дали може да се забрза динамиката на изградба, премиерот Мицкоски изјави дека може, но прво, како што рече, мора да се откријат одговорните зошто до тука е заглавена работата.

– Јас знам, но институциите се занимаваат. За жал, некој се поигрувал со државните пари, како и многу работи во минатото. Апсолутно да, тоа е во нашиот фокус и не треба да имате дилема бидејќи и за самото Кочани, кое ќе биде најголем корисник на тој капацитет, тоа ќе значи помали трошоци во процесот на водостабнување кај граѓаните бидејќи нема да се користат бунари, па да се плаќа скапа електрична енергија. И ако ја пресметаме внатрешната стапка на поврат на подолг рок, таа е во корист на граѓаните, општината, државата и апсолутно да, тоа е приоритет. Но, мора некој конечно да се позанимава и што се случувало во минатото, но тоа е работа на Обвинителството. Сега тоа што таму е ситуацијата таква каква што е, тоа е друг проблем, кој се надевам дека наскоро ќе го решиме, изјави премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие три хороскопски знаци пленат со шарм
Следна Статија Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Дипломатијата на Пендаровски со „љубави“ за надвор и „стока“ за дома е мртва

Во Америка, а осебно во светот поодамна не фигурираат ликови како Стево Пендаровски. Барем не претседатели на посериозни држави, смета…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

О2 бара кривична одговорност и одземање на „А“ интегрираната дозвола на рудникот Тораница

Кривична одговорност и одземање на А интегрираната дозвола од рудникот Тораница, од Општина Крива Паланка . Ова го бараат од…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Откриени нови уникатини камени гробници на Маркови Кули

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат,…

October 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?