Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Силата на една држава се мери и по храброста на нејзините луѓе да вложат и да создаваат

Објавено July 2, 2025 11:45
Сподели
Сподели

Компанијата „Реплек“ во годината кога слави 80 години постоење, прави нов визионерски чекор напред. „Реплек“ денеска ја отвори најновата инвестиција на производствените капацитети.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на свеченоста, истакна дека „Реплек“ е позитивна приказна за македонската економија. Тој посочи дека силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку и по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создаваат и да веруваат дома.

-Со новиот фармацевстски производствен блок, „Реплек“ не само што го модернизира и автоматизира својот производен процес, туку го зголемува капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевстки форми за значајни 25 проценти. Тоа значи нова технологија, ефикасност, повисоки стандарди, но и нова потврда дека нашата земја има потенцијал и капацитет за индустриски раст, истакна Мицкоски.

Screenshot

Генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецоски истакна дека компанијата изминативе 80 години растела и успешно вложувала за доброто и на македонското општество. Изминатата година, „Реплек“, инвестирала рекордни 6,3 милиони евра во дигитализација, автоматизација и модернизација, како и во нови производни капацитети.

-Во сите 80 години од постоењето Реплек успевал да се редефинира, да се репозиционира и да се реоткрие. Во нашето днк е да ги следиме светските трендови и да ги прифатиме истите. Континуирано вложување во добросостојбата и најважно од се’ ни е работното опкружување во кое секојдневно оперираат нашите колеги. Се трудиме да бидеме посакуван работодавач, но и да бидеме атрактивни за младите таленти, и да создадеме услови како што ги посакуваме оние што се надвор, вели Пецоски.

Производите на компанијата денеска се присутни во 25 земји, а целта е во 2030 година да бидат во 40 држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И него Бугарите сакаат да ни го земат: Утре е Св.Наум Охридски
Следна Статија Двајца пензионирани пилоти ќе ги летаат „ер тракторите“ во случај на пожари летово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во цела Македонија

Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните, туку дели проекти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека оваа Влада не ги дели граѓаните, работи за…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

Власта активно работи да се завршат големите инфраструктурни проекти, експресниот пат Градско, преку Дреново и Фариш, како и автопатот од Прилеп…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците

На светскиот ден на наставниците ресорното министерство во земјава преку национална кампања ќе ја крева јавната свест за важноста и…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?