Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сме немале држава, системот бил руиниран, имало социјални случаи кои преку злоупотреби добивале над 60.000 денари месечно

Објавено December 15, 2025 20:02
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на вестите во Сител Телевизија зборувајќи за наводните доцнења на социјална помош, истакна дека Владата нема да дозволи да се злоупотребува истата бидејќи имало случаи кои по различни основи добивале и по 60-65 илјади денари месечно.

„Состојбата е стабилна, но мора да се научиме на ред и дисциплина. Не може стихијно да се трошат парите и не може преку лажни фактури да се цица и да се молзе буџетот. Кога сме кај социјалната помош, има многу случаи каде што социјална помош, а веќе ги анализираме, се зема по неколку основи. Имаме социјални коишто примаат ГМП, гарантирана минимална помош, но и други помоши до 60-65 илјади денари месечно, по неколку основи што ги добиваат. Тоа е крадење, тоа е незаконски. Да, ќе го прочистиме и ќе го филтрираме списокот на корисници на гарантирана минимална помош затоа што се грижиме за државата и се грижиме за иднината на државата“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека и покрај лошата состојба и безредието во кое се наоѓаше државата по преземањето на мандатот, се направи консолидација и веќе се бележат врвни економски резултати во Европа според нашиот БДП.

„Ние можеме сето ова под тепих да го ставиме, колку собираме, толку да делиме да ја задолжуваме државата, но дали е тоа одговорно за генерациите по нас? Не, ние треба да ја консолидираме, ја консолидиравме. Да не ве потсетувам од каде почнавме, немавме држава, немавме систем, уништено беше сè. За година ипол се консолидира, бележиме резултати економски коишто се врвни во Европа, за нашиот БДП, да се разбереме, да не бидам погрешно сфатен. Е сега кога сето ова ќе го имаме предвид логични се овие предизвици, не е нешто нелогично, но мора да има ред и дисциплина“, истакна Мицкоски и додаде:

„Ако е тоа политичката цена којашто треба оваа влада да ја плати, којашто води дисциплинирана, без скандали политика, политика којашто ги брани националните интереси, политика на дисциплина, ред и поредок, во ред ќе ја платам. Но, мора да има ред и дисциплина. Не може веќе стихија, фирми инстант да ни се појавуваат, фиктивни фактури да пријавуваат за увози милионски, а потоа милионски суми поврат на ДДВ да бараат дека наводно робата им е складирана во магацин и без контрола на УЈП да им се враќа ДДВ-то. Е тоа веќе нема и затоа се таму кај што се, во притвори и во затвори. И допрва ќе има“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
Следна Статија Уапсен „грчкиот Ескобар“, запленет брод полн со кокаин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме и ќе испратиме порака дека времето на Македонија доаѓа

Следуваат избори во кои убедливо ќе победиме заедно и ќе испратиме порака времето на Македонија доаѓа, објави премиерот Мицкоски на…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејството на Фросина против злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет

НЕ ЈА ИНСТРУМЕНТАЛИЗИРАЈТЕ СМРТТА НА ФРОСИНА, порачува семејството на девојката која почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“. Тие го…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Дипломатијата на Пендаровски со „љубави“ за надвор и „стока“ за дома е мртва

Во Америка, а осебно во светот поодамна не фигурираат ликови како Стево Пендаровски. Барем не претседатели на посериозни држави, смета…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?