Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Борбата за подобра иднина да бидат нашата заедничка водилка

Објавено June 6, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка  до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам.


Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во Вашите срца и домови.

Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки особини.

Исламската заедница и сите нејзини верници се дел од оваа држава, затоа потребно е да си подадеме рака и да ги почитуваме различностите, бидејќи само така ќе изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.

Нашата заложба е државата да ја градиме во меѓусебно разбирање, почитување, доверба и толеранција. Тоа ќе го постигнеме само доколку сме обединети заедно.

Како Влада за краток период успеавме да ја трансформираме државата, преку дијалог и соработка да реализираме проекти од кои најголеми придобивки ќе имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.

Но, потребни се крупни чекори за остварување на заедничките цели и затоа нека борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија, држава дом за секој граѓанин и Македонија држава на промените“, пишува во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
Следна Статија Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 10 приведени за случајот со прилепската болница – во текот на денов треба да бидат спроведени во Судот

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР за објавувањето на дипломатската нота

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Желаско Радуков, за да му изрази сериозна…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, ја коментира аферата „Мазут“. Ај што пепел направиле…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

Обраќање на премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?