Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Стојам на располагање во секое време за средба со Филипче доколку навистина има план и желба да помогне

Објавено April 2, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен на средба со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче доколку, како што изјави денеска, навистина има план и желба да помогне.

По денешниот повик од Филипче за политички и општествен дијалог Мицкоски во одговор на новинарско прашање рече дека стои на располагање во секое време и ќе го усогласи распоредот за да го слушне планот на Филипче и да се види дали во тој план може нешто да се реши.

– Јас во една моја изјава кажав дека ова е сериозна тема и за сериозна тема се седнува и се разговара. За мене е малку непристојно да разговараме преку медиуми, реков доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски за повикот од Филипче и дали ќе има лидерска средба со останатите претставници на партиите.

Прашан дали ќе имаат заеднички став со СДСМ околу изборот на в.д градоначалник на Кочани за да нема криза во градот по трагедијата со пожарот и оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, рече не разговарале со советниците за потецијалнот кандидат, но оти апсолутно ќе се избере в.д градоначалник и оти тука нема дилема.

– Не сме разговарале со советниците кој би можело да биде тој што ќе биде избран и ќе ја добие поддршката од советниците, рече Мицкоски, по присуството на пуштањето на фабриката на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата
Следна Статија ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

Поранешниот градоначалник и екс-амбасадор на Македонија во Романија, Андреј Жерновски, смета дека Македонија е во политичка криза и дека владата…

August 18, 2025
ПОЛИТИКА

Али Ахмети празнично се пожали: Се обидуваат да го укинат Охридскиот договор преку исклучување на албанскиот јазик

На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост. Целтта…

August 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои…

January 15, 2026
ПОЛИТИКА

Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

СДСМ и Зоран Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120.000 евра се префрлени на невладина организација во сопственост на сега…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?