Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Објавено October 6, 2025 19:56
Сподели
Сподели

Локалните избори се секогаш можност да зборуваме за локални проблеми. Најчесто граѓаните ги интересираат проблеми кои се од најтесниот нивен интерес – патчето, улицата, булеварот, паркот, училиштето, градинката. Тоа е природно и нормално да биде интерес на граѓаните за локалните избори.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на народниот митинг во Долнени, кој посочи дека на локалните избори треба да се испрати и политичка порака.

-На овие избори имаме две опции, две понуди. Едната е коалицијата која е создадена на основа на непринципиелни релации од коалиционите партнери, врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено главната точка на поврзување на овие политички партии во таа коалиција е гневот и омразата кои тие ги имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата меѓу СДСМ, ДУИ и Левица. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој на граѓаните им посочи дека втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.

„Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.

Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.

„Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9 да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Инцидент на натпревар во Сингелиќ: Фудбалер на Фортуна го „нокаутирал“ голманот на Пчиња, па со уште неколку соиграчи продолжиле да го удираат додека лежел
Следна Статија Дуковски: 12 години затвор за прегазувањето на Фросина е премногу

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа…

August 11, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија

Во кампањата за локалните избори ќе нудам решенија за проблемите на граѓаните, кои се презаситени од црни кампањи, вели во…

August 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Бројот на туристи во првата половина од 2025 година е поголем за 13,5% споредено со истиот период лани

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за  13,5 отсто споредено со истиот период…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?