Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%

Објавено September 6, 2025 14:01
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи се на последните податоди од Државниот завод за статистика за пазарот на труд тврди дека власта ја стабилизира економијата.

-Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст. Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина. Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%.Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година, вели Мицкоски.

Според него, Македонија одела напред.

-Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој, вели Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се шверцал добиток од Македонија во Албанија
Следна Статија Целосно затемнување на Месечината на 7 септември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 1000 производи во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски…

December 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда. Како…

January 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Укинување или поедноставно вадење зелен картон – препорачува ЦЕФТА

Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и…

November 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Овој Предлог-буџет е јасна слика дека Македонија ќе се развива интензивно како држава

На денешната седница во Собранието за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?