Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ќе има јасна и персонализирана одговорност за состојбата со отпадот во Скопје и хаосот што го оставa администрацијата на Данела Арсовска.
„Не правиме естрада од ништо. Водиме внимателна политика. Процесите што ги водиме имаат одговорност, а на крајот мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, изјави Мицкоски.
Тој уште еднаш се извини за поддршката на Арсовска, нагласувајќи дека тоа била политичка грешка која нема да ја повтори.
„Еве пак, се извинувам што сум застанал зад Данела Арсовска. Таа грешка нема да ја повторам“, рече премиерот.
Tој потенцира дека кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски се обврза дека во првите 72 часа по неговиот избор градот ќе биде исчистен од сметот, а потоа ќе следува и институционална одговорност за состојбата.