Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Објавено May 17, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Двајцата премиери вчера на средбата во Тирана одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, оценија дека договорот за стратешко партнерство ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

– Ова е мошне важно за нас. Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји и фактот што можеме да го потпишеме овој меѓувладин договор, сметам дека е од голема важност и тоа покажува дека ние ќе решаваме многу работи меѓу двете држави. Ова е навистина одлична можност и се радувам на оваа билатерална средба и на билатералниот договор. Мислам дека имаме многу да направиме заедно и со ова само ќе напредуваме. Се надевам дека ќе можеме уште повеќе да работиме заедно, со вашата земја и да ги продлабочиме односите кои што ги имаме, изјави Стармер на средбата со Мицкоски.

И македонскиот премиер Мицкоски изрази задоволство и благодарност за постигнатата согласност за договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство.

– Навистина сум мошне возбуден што ќе работиме заедно, што нашите две држави ќе можат да работат заедно. Ние сме сојузници во НАТО и со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билагтерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски. Со ова ќе се подобри и ќе се сподели искуството на Обединетото Кралство во овој дел на Европа. Сметам дека Балканот е навистина инспиративно место и ви посакувам добредојде во вашата многу посилна улога во тој дел на Европа, истакна Мицкоски на средбата со Стармер.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство, како што посочи македонскиот премиер во изјава за медиумите, е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн.  

– Договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, влада со влада, е привилегија, бидејќи зборуваме за една од најголемите велесили во светот и влада на држава које е една од најголемите во Европа и таа нема вакви договори со многу земји, можеби сме една од ретките. Во деновите што следат сите детали ќе бидат објавени во македонската јавност, кажа Мицкоски.

Marrëveshja e partneritetit strategjik me Mbretërinë e Bashkuar është ngjarje historike për ne, dhe do të mundësojë një cikël investimesh prej pesë miliardë paundë ose rreth gjashtë miliardë

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Договорот, кој се оценува како историски, ќе отвори нови перспективи за соработка во клучни области како безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени. Ова е договор кој ја позиционира Македонија во поширокиот круг на интереси на една од водечките светски сили. Станува збор за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски со Обединетото Кралство.

Со потпишувањето на договорот, Македонија ќе добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството
Следна Статија (ВИДЕО) Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Можеме да избереме Судски совет кој што ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуваат

Ние неможеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да…

February 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паднати бандери, кровови, дрвја по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?