Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 2026 година ќе биде година на раздвижување и на преобразба

Објавено December 31, 2025 12:09
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање истакна дека годината која ја испраќаме била година на сериозни предизвици, во која било неопходно да се направи стабилизација и консолидација, додека следната смета дека ќе биде година на раздвижување и на преобразба.

-Почитувани сограѓани, годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици! Година во која државата мораше прво да застане на нозе. После долг период на нестабилност, несигурност и на разнишани институции, беше неопходно да се направи стабилизација и консолидација. Тоа беше услов без кој не можеше да се оди понатаму, рече премиерот.

Тој нагласи дека реформите што ги отпочнале не се козметички, туку се длабински и суштински.

-Таквите реформи бараат време, но тие се предуслов за функционална држава и здраво општество. Свесни сме дека за граѓаните најважно е како тоа се чувствува во секојдневниот живот, рече Мицкоски.

За следната година тој очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој.

– Со право можам да кажам дека 2026 година ќе биде година на раздвижување и година на преобразба, година на раст, со реализација на значајни инфраструктурни проекти, година на економско зајакнување, со нови инвестиции, поддршка за стопанството и отварање можности за работа и развој. Година на вкупна преобразба на Македонија. Година на надеж, но и на голема обврска. Обврска да се испорачаат резултати. Обврска да се оправда довербата од граѓаните. Обврска да се продолжи по патот на реформи, развој и стабилност. На сите ви посакувам здравје, мир и сила. Да влеземе во 2026 година со верба дека напорната работа ќе се исплати и дека Македонија ја движиме во вистинската насока. Среќна нова година, порача премиерот Мицкоски во своето новогодишно обраќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кливленд Кавалиерси триумфираат над Сан Антонио Спарс со убедлив резултат
Следна Статија Приватните капитални фирми продаваат имоти на самите себе по рекордна стапка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Жичарницата на Водно одамна не смеела да превезува патници, вели Стојановски од синдикатот на ЈСП

Жичарницата од Средно Водно до врвот на скопскиот рид и Милениумскиот крст, повеќе од 10 дена не е во функција…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

На денешен ден пред 13 години почина првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров.  Глигоров е роден на…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?