Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување
Blog

Мозоци од починати луѓе од Македонија, биле праќани во САД за научно истражување

Објавено February 2, 2026 14:45
Сподели
Сподели

Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски милионер Џефри Епштајн се појавуваат наводи дека човечки мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во Соединетите Американски Држави за научно-истражувачки цели.

Станува збор за новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“, потпишано од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет, кое не е директно поврзано со сексуалниот скандал на Епштајн. Истражувањето е објавено под наслов „Лек стар 50 години што би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“ и се однесува на научни истражувања за самоубиствата и употребата на кетамин.

Во текстот се наведува дека американски научници, поврзани со Универзитетот Колумбија, со години создавале банка од околу 1.000 човечки мозоци, кои служеле за истражувачки цели. Колекцијата вклучувала примероци од лица кои извршиле самоубиство, како и контролни примероци, при што Македонија е наведена како една од земјите од кои биле обезбедени дел од примероците.

Според објавените информации, мозоците биле отстранувани по смртта, веднаш замрзнувани и транспортирани во САД, каде биле правилно означени и архивирани. Во дел од електронската кореспонденција се опишуваат и логистички детали за криопрезервацијата и транспортот на примероците.

Во еден од цитираните мејлови се наведува дека процесот бил олеснет од член на факултетот на Универзитетот Колумбија со потекло од Македонија, кој помогнал во организацијата на целата постапка. Во пораката се опишува и начинот на транспорт и складирање на примероците, кои биле означени и архивирани за научна употреба.

Дополнително, на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Џефри Епштајн, преку својата фондација, донирал средства за истражувања поврзани со овие примероци. Овие наводи, објавени од поединци на „Фејсбук“, засега остануваат непотврдени од официјални институции.

Министерството за правда на САД на 30 јануари 2026 година објави милиони страници документи поврзани со случајот Епштајн, по што неговото име повторно се најде во фокусот на јавноста. Новите објави отвораат прашања за обемот на неговото влијание и врските со различни научни и истражувачки проекти, но надлежните институции засега немаат официјално соопштение во врска со наводите што се однесуваат на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Octopath Traveler 0 добива уште една надградба за Switch и Switch 2
Следна Статија Рокас: Незаконски стекнатите средства и нивната конфискација најмногу обесхрабруваат криминални активности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

„Audi“ ќе укине 7.500 работни места во Германија

Производителот на луксузни автомобили „Audi“ објави дека ќе укине 7.500 работни места во својата земја Германија до крајот на 2029…

March 18, 2025
Blog

Токсични дождови во Иран

Иранската Црвена Полумесечина (ICP) предупреди на ризикот од токсичен дожд по експлозиите во нафтените постројки во Иран. Дождот може да…

March 18, 2026
Blog

Позната авиокомпанија откажува 1400 летови поради недостаток на пилоти

Подружницата на Луфтханза, Свис, откажува 1.400 летови ова лето поради недостиг на пилоти, соопшти авиокомпанијата. Мерката се однесува на летови…

May 18, 2025
Blog

Бил Гејтс: Паметните телефони ќе бидат заменети со нешто кое ќе се наоѓа на вашето тело

Во изненадувачка прогноза која ја потресе технолошката индустрија, Бил Гејтс изјави дека смарт телефони се на работ на застареност. Според…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?