Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје
МАКЕДОНИЈА

МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

Објавено September 23, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.

Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање на работата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа на мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование. На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската 2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети, велат од МОН.

Нагласуваат дека почитувањето на законските прописи мора да биде основен принцип во работењето на сите образовни установи. Тоа, како што посочуваат, е единствениот начин да се обезбеди одржлив квалитет кон корисниците на образовните услуги.

Во изминатите 15 месеци затворени се и 14 приватни научни институти, од кои дел поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа. МОН и во иднина неселективно ќе продолжи да ја контролира работата на образовните и научните установи и да презема соодветни мерки онаму каде ќе бидат констатирани отстапувања од правните норми, порачуваат од МОН.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители
Следна Статија Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Врачени највисоките фестивалски признанија на Струшките вечери на поезијата

Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ и меѓународното поетско читање „Мостови“ вчера…

August 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 се испратени на дополнителни прегледи на „Пулмологија“

Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Децата се враќаат во ученичките клупи: Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

По тринеделен зимски распуст, денеска за основците и за средношколците почнува второто полугодие од учебната 2024/2025 година. Учебната година ќе…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Или сега или никогаш – Македонија мора да се промени длабоко одвнатре

Познатиот граѓански активист и интелектуалец Гордан Георгиев испрати силна порака до јавноста по трагедијата во Кочани, повикувајќи на длабока лична…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?