Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски и Георгиев во Минхен разговарале за билатералните разлики и блокадата од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски и Георгиев во Минхен разговарале за билатералните разлики и блокадата од Бугарија
ПОЛИТИКА

Муцунски и Георгиев во Минхен разговарале за билатералните разлики и блокадата од Бугарија

Објавено February 15, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на државата од страна на Бугарија и положбата на македонското малцинство во Бугарија биле меѓу темите за кои денеска разговарале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

-Министерот Муцунски изрази жалење што, наместо развој на добрососедската политика, односите меѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтеграциски процес. Притоа, тој истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со заемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи, покрај другото, подразбираат и поддршка за европските интеграции како стратешка определба на државата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Министерот Муцунски на средбата го отворил и прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласил потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Над 700 загинати и повеќе од 38 илјади повредени во сообраќајки во Македонија изминативе пет години
Следна Статија (ВИДЕО) Огромен Грбав кит проголта и исплука кајакар во близина на брегот на Чиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Арбен Таравари ја достави оставката, му било чест да работи за владата

Арбен Таравар ја достави својата оставка до претседателот на владата, Христијан Мицкоски. „Со ова писмо Ве известувам дека поднесувам неотповиклива…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

Правиме уште едно разоткривање на организираната кампања која се води против СДСМ од страна на власта, изјави денеска Петар Огњеновиќ,…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагира на обвинувањата од СДСМ „100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?