Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Повеќе од 60 отсто од новите амбасадорски кандидати се кариерни дипломати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Повеќе од 60 отсто од новите амбасадорски кандидати се кариерни дипломати
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Повеќе од 60 отсто од новите амбасадорски кандидати се кариерни дипломати

Објавено February 19, 2026 14:10
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.

-Процесот на именување и пополнување на местата на шефови на дипломатско конзуларни претставништва согласно Законот за надворешни работи го координирам јас, но целокупниот процес значи координација со претседателката на државата и претседателот на Владата. По остварена таква координација со претседателката на државата и претседателот на Владата, на последната седница на Влада можам да потврдам точно е дека предложив повеќе имиња, како министер за надворешни работи и надворешна трговија, за пополнување на повеќе места на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва – рече Муцунски, пренесува МИА.

Посочи дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори и генерални конзули се професионални дипломати од редот на вработените во МНРиНТ со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години, и како што нагласи „тоа се врзува со нашата заложба која почна со измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи“.

-Бидејќи сакам да ја потсетам македонската јавност дека повеќе од 20 години голем дел од моите претходници зборуваа за потребата од професионализација на дипломатската служба. Но оваа Влада е првата Влада којашто направи конкретен исчекор во таа насока и ние го сменивме законот за надворешни работи најмалку 50 проценти од шефовите на ДКП-та да бидат амбасадори од професионалниот состав на Министерството за надворешни работи, а во пракса одиме со над 60 проценти и тоа се гледа по последната група да бидат, и тоа се гледа по последната група именувања – рече Муцунски.

Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Владата на седницата во вторникот одобрила список од девет нови амбасадори и двајца генерални конзули, објавија дел од медиумите. Станува збор за дипломатски претставници во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија и во седиштето на НАТО, како и за генерални конзули во Солун и во Мелбурн.

За амбасадор во Шведска е предложен Мухарем Јусуфи од МНРиНТ, додека Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања заминува за амбасадор во НАТО во Брисел.

Крум Ефремов е предложен за амбасадор во Софија, Габриел Атанасов во Романија, а Катерина Тодоровска во Приштина.

Линда Салиеска Иљазоска е предложена за амбасадорка во Хаг, Илина Мангова за амбасадорка во Лондон, а Светлана Гелева за втор мандат во Советот на Европа во Стразбур.

За генерални конзули се предложени Томислав Димитровски во Солун и Александар Крстевски во Мелбурн, двајцата од МНРиНТ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Истрага за злоупотреба: Пари од здружение завршиле кај поранешни претседатели
Следна Статија Останал и без 4.200 евра, и без ветениот социјален стан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Локални избори 2025: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, кандидатските листи до 13 септември

Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Обилни дождови предизвикаа зголемени водостоји и поплави на повеќе локации

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките…

November 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Онлајн продажби, за фирмите профит, за граѓаните „мачка во вреќа

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?