Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД
МАКЕДОНИЈА

Муцунски се сретна со Марко Рубио: Потврдена извонредната соработка меѓу Македонија и САД

Објавено May 29, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план.

Во рамките на разговорот беа разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија. Министерот Муцунски ја истакна отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.

Разменети беа и мислења за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор. Особено внимание беше посветено на регионалната стабилност и развојот на Западен Балкан.

Министерот Муцунски изрази благодарност за постојаната поддршка од страна на САД, со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика и конкретни резултати, на билатерално, регионално и глобално ниво.

„Ја завршуваме посетата на Соединетите Американски Држави со значајна средба со државниот секретар Марко Рубио, на која уште еднаш ја потврдивме силната стратешка поврзаност меѓу двете земји, заедничката заложба за регионалната стабилност, нашата европска интеграција, како и инвестициите во безбедноста и одбраната како сојузници во НАТО. Од секретарот Рубио и во име на американската администрација, добивме цврсто уверување дека нашето партнерство и сојузништво остануваат клучни, гледајќи ја нашата земја како значаен фактор за регионалната стабилност. Меѓу другото, разговаравме за следните чекори во рамките на Стратешкиот дијалог и меѓусебната соработка. Во духот на зајакнатото партнерство, поддршката од САД продолжува со засилен интензитет, особено во реформските процеси, зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во време на сложени безбедносни предизвици со кои се соочува светот, заклучивме дека од клучно значење е да продолжиме да работиме на одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на глобално ниво“, истакна министерот Муцунски по средбата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дончиќ мора да ослабне ако сака да добие 230 милиони долари
Следна Статија Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Општина Ѓорче Петров ќе додели по 8.000 денари за секое новороденче

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче.…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова се години кога учите за две значајни вредности, а тоа се семејството и за татковината

По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица, Стевковски со закана до Водовод

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на…

July 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?