Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

Објавено August 31, 2025 14:54
Сподели
Сподели

– Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата – изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Тој потсети дека изминатите години се покажало што значат политиките на брзи потези и празни ветувања

– СДСМ и ДУИ отворале надеж со секое ветување, а ја поништувале со секој притисок. Заедничките документи што се носеа во Собранието не донесоа сила, туку слабост – беа дерогирани веднаш штом ќе се појавеше предизвик – рече Муцунски.

Министерот нагласи дека патот на сегашната влада е поинаков и се базира на решенија кои носат траен напредок.

– Подобро е да покажеме трпение и мудрост, отколку да направиме потег кој утре ќе биде уште поголем товар за државата. Тоа е државнички пристап: да мислиме на денес, на утре и на задутре – додаде тој.

Муцунски потенцираше дека европската иднина не е празна фраза, туку конкретна борба против корупцијата, модерна администрација, дигитализација, инвестиции во патишта и инфраструктура, како и создавање нови можности за граѓаните.

– Ние веруваме дека резултатите дома создаваат почит надвор. Токму затоа сме решени да обезбедиме европска иднина која ќе биде достојна, одржлива и прифатлива за сите. Тоа го заслужува македонскиот народ – порача Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог
Следна Статија Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За краток период како Влада покажавме дека наша визија е да изградиме локална самоуправа која ќе биде вистински партнер на секој граѓанин

Денес имам чест и одговорност да зборувам за еден од најважните столбови на нашата демократија – локалната самоуправа. Таа претставува…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година

Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година. За ова информираше директорката Гордана…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

Десет млади лица ќе учат за пилоти. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе плати половина од парите потребни за нивна обука…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР демантира: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?