Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници
ЗДРАВЈЕ

Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници

Објавено June 2, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата во Македонија Аким Али и претставничките на Обединетите нации и УНИЦЕФ, Рита Колумбија и Лесли Милер, денеска, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун.

Како што посочи Андовски, употребата на тутун доведува до загуба на продуктивност и економски загуби, нагласувајќи дека секој еден денар инвестиран во контрола на тутун, носи поврат од 18 денари заштеда на здравствени трошоци.

Употребата на тутун предизвикува и здравствени трошоци и може да се доведе до загуба на продуктивност, што придонесува до економски загуби. Секој еден денар инвестиран во контрола на тутун носи поврат од 18 денари заштеда на здравствени трошоци и добивки во продуктивност. Овие податоци реално ја отсликуваат потребата од контрола на тутун како еден голем здравствен императив … Сепак би сакал да истакнам дека контролата на тутунот не зависи само од здравствениот сектор. Еден од клучните аспекти е инспекторскиот пристап и поддршката од сите институции за доследно спроведуање на законите, регулирање на сите прозиводи што користат тутун и никотин, како и воведување на нови мерки согласно потребите – нагласи Андовски.

Шефот на канцеларијата на СЗО во Скопје, пак, во своето обраќање истакна дека седум милиони деца во светот се пушачи. Вознемирувачки е, вели, фактот дека седум од десет пушачи во земјава започнале со пушење од рана детска возраст.

Седум милиони деца насекаде во светот се пушачи. Навистина е вознемирувачки да се знае фактот дека седум од десет пушачи во Македонија започнале со пушење во рана детска возраст. Ќе се согласите со мене дека е неприфатливо податоците од 100 смртни случаи поврзани со тутунот, една петтина припаѓаат на пасивното пушење, така што пушачите не го уништуваат само сопственото здравје, туку и здравјето на своите деца, членовите на семејството и општата јавност. Кога луѓето користат тутун, покрај болестите како што се канцерот, респираторните болести кои се јавуваат во текот на животот, дури и оние пациенти кои се пократко хоспитализирани, тие сепак остануваат подолго во споредба со другите пациенти и нормално тоа ги зголемува трошоците – рече Али.

Пушењето е еден од главните причинители за голем број на незаразни заболувања, посочи директорката на ИЈЗ Андоновска, затоа, рече, мора постојано да се потсетува населението за негативното влијание на пушењето врз нивното здравје. Алармантни се податоците од истражувањата, вели, дека половина од возрасната популација во државата се активни пушачи.

Еден од главните причинители за голем број на незаразни заболувања, мора да го потсетуваме населението за влијанието на пушењето врз нашето здравје. Свесни сме за штетата која ја предизвикуваат овие производи, алармантноста од податоците на истражувањето на сите ни е добро познато. Кога половина од возрасната популација на една држава изјавиле дека се активни пушачи не можеме да седиме мирни, туку веднаш мора да донесеме мерки за зачувување на здравјето на населението. Како Институт за јавно здравје сме вклучени во борбата против тутунските производи низ целата година, а не само денес … Од самото мое доаѓање во Институтот за јавно здравје веднаш ја отворивме линијата за откажување од пушење „Не пуши, откажи се“, на која што граѓаните кои што сакаат да престанат да пушат можат да се обратат за совет, но и за поддршка. Со гордост можам да кажам дека успешно работи линијата и на неа имаме бројни повици и резултати на луѓе кои што со помош на оваа линија и со стручната помош на вработените во Институтот се откажале од пушење – рече Андоновска.

Вели околу 10 проценти од лицата кои што се јавиле на линијата, успешно се откажале од пушење.

Околу 10 проценти од лицата кои што се јавиле на оваа линија успешно се откажале од пушење. Можеби процентот не изгледа висок, но во споредба со западните земји каде постојат вакви линии резултатите се слични или исти со процентот на откажување којшто се движи од 10-12 проценти од јавувачите – рече Андоновска.

За да се обезбедат долгорочни и одржливи ефекти, претставничката на Обединетите нации посочи на важноста од интегрираниот пристап и спроведувањето на законите.

Интегрираниот пристап е клучен фактор за обезбедување долгорочни и одржливи ефекти. Има докази дека тутунот влијае врз примањата и маргинизираните заедници, тоа значи дека не е прашање само за јавно здравје, туку претставаува прашање на социјална правда. Мора да се увериме дека контролата на тутунот е инклузивна и соодветна, што значи треба да се обрне внимание на оние кои што ранливи – рече Колумбија.

Претставничката на УНИЦЕФ Милер, пак, изнесе податоци кои што покажуваат дека веројатноста да започнат со пушење кај младите кои имаат пријатели пушачи е 62 отсто, додека, кај оние кои имаат родители пушачи веројатноста изнесува 79 проценти.

Имаме податоци кои што покажуваат дека младите кои имаат пријатели кои што пушат имаат 62 проценти шанса да започнат да пушат, додека оние кои имаат родители кои што пушат, кај нив веројатноста дека ќе почнат да пушат изнеува 79 проценти. Значи притисокот и влијанието доаѓа и од родителите и од другарите и пријателите и тоа е од критична важност, што мора да се земе предвид во стратегиите кои што ќе ги развиваме – рече Милер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Криволак реализиран ден за високи гости во рамките на воената вежба „Брз одговор 2025“
Следна Статија Втор протест на медицинските сестри во Tетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за психијатрија е отворен Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанци

Кабинет за третман на пациенти кои имаат потешкотии со коцкање, интернет зависност, злоупотреба на алкохол и психоактивни суптанци е отворен…

December 30, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клиниката за Онкологија ги смирува пациентите: Воведени се драстични промени во работата по скандалот

Универзитетска клиника за радиологија и онкологија апелира до сите засегнати, посебно до пациентите и до нивните блиски, да останат смирени,…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија

Денес го посетивме второто најголемо родилиште во земјата – Гинекологија во Чаир. Заедно со пратеничката Емилија Ангелова и советничката во…

December 6, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?