Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
ЕКОНОМИЈА

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

Објавено April 5, 2026 13:30
Сподели
Сподели

амалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница.

Одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со тоа драматично ќе се намали цената на горивата и се штити стандардот на граѓаните.

На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то  за горивата да продолжи да биде намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, која ќе истече на 20 април.

Мицкоски истакна дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над 102 денари, а безоловниот бензин од 95 и 98 октани ќе беше поскап за 1,5 до 2 денари.

Соопшти дека денеска имале преговори исо ОКТА и е договорено попустот да го продлжат до крајот на април – од 3 денари за дизелот по литар, а за безоловните бензини од 95 и 98 октани дополнителни 2 денари помалку за литар.

-Кога сето ова ќе се анализира, доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и до сега, доколку се вкалкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари што го добиваме од ОКТА, така што ги амортизираме потенцијално 7 денари зголемување по литар, додека кај безоловните бензини од 95 и 98 октани, покрај 2 денари акциза по литар, ќе имаме 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме 2 денари во минус од цената што беше во изминатиот регулиран период, односно изминатата недела, изјави Мицкоски на прес-конференцијата.

Нагласи дека одлуката е донесена поради низвесноста како последица од тензии на Блискиот Исток и притисокот врз економијата. Како што рече, не може да бидеме изолирани од влијанието на глобалните процеси, но делуваме и не чекаме кризата да нè прегази. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим
Следна Статија Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трговците свесно ги лажеле граѓаните – јогуртот од 1 литар го продавале во единица мерка килограм

Есенската потрошувачка кошничка, мерка со која Владата се обиде да го намали и да го контролира трендот на зголемување на…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, во гостувањето…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јаболка годинава ќе јадеме од увоз – студениот бран ги покоси насадите во Преспа

Преспанскоиот регион не памети вакво оштетување од толку големи размери. Снегот и студениот бран кој ја зафати Преспа целосно го…

April 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Славески за нов гувернер

Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?