Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките
ЗДРАВЈЕ

Наместо да се бара рефундација „клексан“ ќе може да се подигне со рецепт во аптеките

Објавено February 14, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Како што посочи Клековски, побарани се две измени во правилникот, односно да се овозможи преместување на лекови од болничката на аптекарската позитивна листа, како и Фондот да добие право за преговарање на цените на лековите кои се субвенционирани.

Позитивната листа претставува форма на субвенција за одредени лекови. Сметаме дека кога државата веќе ги субвенционира, треба да имаме право да преговараме за нивната цена, а не да ја прифаќаме автоматски големопродажната цена. Забележавме дека со претходното зголемување на позитивната листа сите производители ги користеа максималните дозволени цени, рече Клековски.

Додаде дека лековите кои се на позитивната листа треба да бидат достапни по пониска цена, со цел субвенциите да имаат реален ефект.

Прв приоритет ни е префрлањето на антикоагулансите, особено „клексан“, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат рефундација, ќе можат директно да го подигнат на рецепт. Очекуваме штом Комисијата почне со работа и правилниците бидат усогласени, оваа промена да стане реалност, рече Клековски.

Според него, производителите не сакаат да го вклучат таблетарниот антикоагуланс „ксалерто“ на позитивната листа, нагласувајќи дека Фондот разговара со еден од производителите за да обезбеди пониска цена.

Разговараме со еден од производителите за да обезбедиме пониска цена, бидејќи овој лек е често користен кај повозрасните пациенти со кардиолошки проблеми – додаде Клековски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Кошта: Македонија заслужува да оди напред и да не биде заложник на билатерални спорови
Следна Статија Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Владата купува 100 нови амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра

Македонското здравство ќе добие значајно засилување со набавка на 100 нови амбулантни возила, одлука донесена на вчерашната владина седница. Инвестицијата…

December 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Беќаровски со совети за детоксикација по вдишување на отровни гасови: „Природен протокол за сите кои беа во Кочани“

Со оглед на тоа што во дискотеката во Кочани имало над 500 млади луѓе, голем дел од нив успеаја да…

March 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека според нивната електронска евиденција, доктор Игор Кузмановски, разрешениот директор на Клиниката за неврологија,…

October 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Од 2016 година во Македонија не функционира Центарот за изгореници

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој се уште фигурира на официјалната веб страница на…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?