Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење
ЗДРАВЈЕ

Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење

Објавено June 26, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Некои намирници можат да го забрзаат метаболизам и да помогнат во согорувањето на мастите.

Нашето тело не може да функционира без масти, сепак, незаситените масти се здрави, додека заситените масти можат да ги оштетат клетките, што резултира со многу болести како дијабетес и срцеви заболувања.

Постојат пет намирници кои успешно помагаат во побрзо согорување на мастите.

Цимет

Придобивките од циметот стануваат се повеќе познати, а некои истражувања покажале дека само една мала лажичка од овој зачин дневно го забрзува согорувањето на масните наслаги. Етеричното масло од цимет го активира метаболичкиот процес на терморегулација што согорува калории.

Покрај тоа, циметот е познат како зачин кој го намалува нивото на шеќер во крвта, што доведува до зголемено ниво на инсулин во телото, кој е одговорен за таложење на масните клетки. Идеален пијалок е лажичка цимет со лажичка мед во чаша топла вода, која можете да ја консумирате во текот на денот.

Грејпфрут

Хемиските својства на ова овошје го стимулираат метаболизмот, што помага да се исфрли вишокот течност од телото. Грејпфрутот содржи ензими кои го намалуваат нивото на инсулин и гликоза во крвта, што го забрзува согорувањето на шеќерот, ја ограничува неговата апсорпција и трансформацијата во маснотии.

Зелен чај

Зелениот чај често се нарекува „чистач“ на телото. Благодарение на неговата способност да ја стимулира оксидацијата на мастите, тој благотворно делува на спречување на таложење на масни наслаги во телото. Соединенијата кои се наоѓаат во зелениот чај, како што е антиоксидантот катехин, помагаат во процесот на согорување на масните наслаги, зголемувајќи ги ефектите на хормоните за согорување маснотии.

Бадеми

Овој плод содржи добри масти, кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта. Покрај тоа, бадемите обезбедуваат две есенцијални масни киселини – омега 3 и омега 6. Тие се одличен борец за топење на масните наслаги, а нутриционистите препорачуваат да се користат како здрава ужина.

Кокосово масло

Кокосовото масло се смета за храна која е и одличен борец кој ги топи масните наслаги. Оваа храна е богата со масти кои не се таложат во телото, црниот дроб ги согорува за да создаде енергија потребна за работата на телото.

Кокосовото масло има способност да ги согорува масните наслаги, а во исхраната се препорачуваат умерени количини кокосово масло, бидејќи има висока калориска вредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
Следна Статија Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во приватни градинки немало хигиена, Агенцијата за храна парично ги казни

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли.…

December 8, 2024
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

Некои од настраданите во Кочани кои го напуштија болничкото лекување, се јавуваат на Клиниката за Токсикологија, жалејќи се на вртоглавици…

April 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Промовиран прирачник: 30 проценти од жените се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии во бременоста и по породувањето

 Во рамки на Неделата на женското здравје, денеска во Скопје беше промовиран прирачник за скрининг и дијагностика на нарушувања на…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?