Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
МАКЕДОНИЈА

Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Објавено April 4, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Најавеното значително опаѓање на температурите од недела може повторно да ги загрози земјоделските култури, посебно овошните дрвја поради можноста од појава на мраз, како и да причини штети, претежно кај видовите што се веќе процветени, предупредуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, врнежите што ја зафатија земјава се од големо значење за сите земјоделски култури и ќе придонесат за зголемување на влагата во почвата која е потребна за пролетна подготовка за садење. Дождот особено позитивно ќе се одрази врз есенската пченица, а поволен е и за овошните култури, но, неопходна е континуирана контрола на посевите зашто поради повисоката релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поповолни услови за појава на болести и штетници.

Препораката е земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на посевите против измрзнување, да ги расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, да преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да ги заштитат растенијата, посебно овошните видови од појава и развој на болести и штетници, како и редовно да вршат следење на посевите и да применуваат потребни агротехнички мерки.

-За стрнишните жита кај нас од суштинско значење се врнежите во периодот од почетокот на март до почетокот на јуни. Пченицата најголеми количини вода троши во фазите вретенисување, класење, млечна зрелост. Фазата на вретенење се одвива во пролетниот период. Во почетокот на оваа фаза се оформуваат репродуктивните органи, од кој ќе зависи и плодоносењето и затоа во оваа фаза растението мора да има доволно количество вода и хранливи материи. Токму поради тоа, овој дожд позитивно ќе се одрази врз есенската пченица. Овошните култури имаат најразлични барања во однос на водата, поради длабокиот корен, па поради тоа релативно лесно поднесуват суша, но потребно е оптимална влажност во почетокот на вегетацијата за нормално цутење и формирање на плодови. Потребата за вода кај младите насади има големо значење за брз, уедначен пораст и формирање на насад со добра кондиција. При недостиг на вода во текот на порастот на плодовите, тие остануваат ситни, а може да дојде и до нивно опаѓање. Заради тоа овие врнежи имат позитивно влијание, објаснуваат агрометеоролозите.

Но, како што додаваат, за земјоделството од најголема полза се ситните, рамномерни дождови со помал интезитет.

По такви дождови, велат, почвата останува во поволна состојба за обработка за сеидба, а посевите поинтензивно се развиваат.

-Минатата недела имавме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во последните шест дена од март на повеќе локации во државата имаше циклонален продор со континуирани ефективни и краткотрајни поројни врнежи пропратени со изолирана појава на град и грмежи. За земјоделското растително производство од големо значење е интезитетот на врнежите. Дождот може да биде со мал интезитет (ситен дожд) или со голем интезитет (пороен дожд). Интензивните поројни дождови можат да бидат штетни поради засилување на ерозивните процеси на наклонети терени, а можат да предизвикаат поплави и оштетување на земјоделските култури. Обилните врнежи може да доведат до создавање на поројни водотеци и можни излевања и поплавувања на одредени земјоделски површини. При интензивни поројни дождови почвата не може да ја впие целата количина вода. Кога паѓа пороен дожд за половина час почвата впива 35 отсто, а при ситен дожд за време од 6 часа почвата впива околу 93 проценти, потенцираат агрометеоролозите од УХМР.

Според прогнозата, до утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за „силување дете кое не наполнило 15 години“, одреден му е притвор
Следна Статија Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34-та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците каде…

February 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражува и УЈП и други институции

Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?