Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголемиот предизвик за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Најголемиот предизвик за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Најголемиот предизвик за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра

Објавено October 28, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Најголемиот предизвик за финансирањето на јавниот долг за следната година е сервисирањето или враќањето на обврзницата од 700 милиони евра. Тоа е она коешто најмногу му тежи на буџетот, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа нагласи дека ќе се прави комбинација помеѓу странското и домашното задолжување, за, како што рече, да не ги оптоваруваме банките во земјава и да можат повеќе да го финансираат приватниот сектор.

Дополнително на тоа има речиси 200 милиони евра дополнителни обврски кон странство, односно долгови од претходно што треба да ги вратиме. Од таа причина, финансирањето е предвидено да оди со евро обврзница од 950 милиони евра. Можеби тој износ ќе се зголеми затоа што се предвидени уште 350 милиони евра дополнително странско задолжување и уште 400 милиони евра на домашниот пазар, рече министерката во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која го презентираше Предлог буџетот за 2026 година.

Димитриеска Кочоска порача дека зголемувањето на јавниот долг ќе биде во суштина износот на дефицитот, 39 милијарди денари и ништо повеќе од тоа.

Се друго е за сервисирање на стари обврски коишто претходно биле создавани, рече Димитриеска Кочоска.

Прашана колкава ќе биде проекцијата на јавниот долг, таа рече дека точниот податок ќе го има до крајот на денов.

Во однос на јавниoт долг, јас сега не би сакала да кажувам податоци иако ние ги имаме, меѓутоа би сочекала до крајот на денот. Знаете дека имаше корекции коишто се правеа и во ДЗС. Очекуваме да видиме дали ќе има одредени промени на 2024, 2025 нема апсолутно никакви промени. Ќе видиме како ќе се одвиваат нашите проекции имајќи предвид дека сега во моментот има 58,5 проценти јавен долг. Најверојатно и до крајот на годината нема да реализираме над 60, а годинава беше предвиден над 62 проценти. Така што, да оставиме до крајот на денот да видиме какви ќе бидат информациите, и во однос на другите институции, бидејќи јавниот долг вклучува и долгови или задолжувања на институциите коишто не се или јавни претпријатија акционерски друштва, кои не се дел од Буџетот. Така што, до крајот на денот ќе го имаме точниот податок и ќе можам да излезам со точен податок колку би бил јавниот долг, рече Димитриеска Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ураганот „Мелиса“ стигна до Јамајка, ветрови со јачина до 300 километри на час
Следна Статија Нетанјаху нареди напади врз Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години, вели вицепремиерот и министер за…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Netflix го купува Warner Bros за 72 милијарди долари

Стриминг платформата „Нетфликс“ (Netflix) потпиша договор со американскиот филмски и телевизиски конгломерат „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) за купување…

December 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Директорот на пазарниот инспекторат: Без поголеми казни, не правиме ништо против поскапувањата

Мерката со ограничените профитни маржи на 73 основни прехранбени производи завршува на крајот од месецов. Во некои маркети е забележано…

October 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и членовите на македонската делегација што ја предводи состaвена од министерот за надворешни…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?