Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп
ПОЛИТИКА

На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп

Објавено March 8, 2025 21:32
Сподели
Сподели

Поранешниот претседател Стево Пендаровски вечерва изјави дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација.

Многу е важно како ние како мала држава, знаете во кој регион сме лоцирани, се поставуваме наспроти тие глобални промени. Трамп ја поремети глобалната рамнотежа, ја поремети внатрешно трансатлантската заедница, затоа што воведе царини и започна со офанзивни дејствија против своите најголеми сојузници досега и соседи, но она што посебно ме загрижува е позиционирањето на нашата нова Влада во однос на администрацијата на Трамп. Реченицата која ја кажа нашиот премиер Мицкоски по враќањето од Америка дека треба да се навикнеме на ова ново нормално и дека тоа ново нормално ќе го преплави светот е опасна теза. Од новото нормално не се преплавени ниту Америка, Канада, Мексико, Велика Британија,… рече Пендаровски во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител, што е воедно и негово прво интервју по изборниот пораз на 8 мај минатата година.

Ние како мала држава, наведе Пендаровски, двапати треба да мислиме пред да застанеме први до него и да кажеме другите да се редат. Не би истрчувал бидејќи ние не сме светска велесила., секој кој ја води македонската држава, претседател, премиер, мора да знае дека сме мала држава, меѓу најмалите на Балканот и дека не ни личи, немаме ресурси, немаме интереси национални да бидеме први до американската држава и да велиме ние сме заедно до најсилните. Ако најголемите од Г7, Јапонија, ако тие не се наредија рамо до рамо со Трамп после изборите, туку вагаат, не можам да видам зошто е ова истрчување, рече поранешниот претседател.

Не велам, вели тој, дека не треба да се дружиме со Американците или да бараме поддршка од Американците, само велам дека имаме два дела во евроатлантската алијанса, членки сме на НАТО, но сакаме и да бидеме и членка ан ЕУ. – Ова не го врзувам со формалното членство, о скеогаш стратешки приоритет била целосната евроатлантска интеграција. Сега првпат во историјата се случува двете гхлавио од двете страни на Атлантикот да се раздвојуваат, ќе видиме дали тоа ќе оди и понатаму, можно е, но ние какок мала држава не смееме да бидеме за едниот против другиот бидејќи утре задутре големите ќе се договорат на некаков начин, ќе ни замерат, рече Пендаровски.

Дополни дека „не може држава со 1,8 милиони луѓе да биде коспонзор на Резолуцијата во ООН барабар со Америка“. – Да не спомнувам дека од другата страна беа и Северна Кореија и Белорусија, но нам не ни е местото на големиот терен каде се натпреваруваат големите, ние треба да бидеме многу внимателни, посочи Пендаровски, критикувајќи го позиционирањето на Владата кон Унгарија.

Осврнувајќи се на евроинтеграциите, рече дека „од комуникацијата што ја има на дневна основа со неколку битни амбасадори во Скопје некои од нив му тврделе дека премиерот или министерот за надворешни работи ги уверуваат оти наредните неколку месеци, три четири месци, ќе бидат доволни новата администрација да го реши проблемот со Бугарија“ и оцени дека „тоа е тежок политички аматеризам“.

Треба, посочи, да видиме што можеме да понудиме кај ваков Трамп во однос на Бугарија – ништо, практично ништо. – Кај трансакционен претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси. Бугарија има далеку подобра стратешка позиција од нас.

Прашан дали би дал поддршка ако ВМРО-ДПМНЕ издејствува некакви гаранции или одложено дејство рече дека „едвај чека да се добие мнозинство или целосен консензус во ЕУ и да речат во ред е сменетео го сега Уставот, а ќе важи после неколку години“, но оти нема такво нешто.

Во оценка за работата на Владата, меѓу другото, оцени дека борбата против криминалот и корупцијата се води бавно и нема соодветни резултати, забележувајќи дека „не знае дали Владата сака да ги досмени сите обвинители по нејзина мерка“.

  • Не е демократски премиер да изјави дека сега ќе го удриме праводуството во чело или ќе го распуштиме Судскиот совет, итн, рече Пендаровски и дополни дека за разлика од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која според него имала економски концепт, актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ оди стихијно и се потпира на унгарскиот кредит.

Рече дека нема чести средби со новото раководство на СДСМ но им кажал дека оваа коалиција предводена од СДСМ ќе ја има неговата поддршка додека се застапува за демократска држава наспроти, како што рече, овие круцијални политики на новата Влада во изминатите осум девет месеци.

Неговиот и изборниот пораз на СДСМ се должи, како што посочи, на кампањата на битка меѓу два национализми меѓу лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ Али Ахмети и Христијан Мицкоски, но оти главната причина се структурните слабости и немањето капацитет особено во втората половина од седумгодишното владеење во кој излегле многу афери и поставените несооодветни лица во институциите, но и Преспанскиот договор и промената на името на државата, усвојувањето на францускиот предлог, пропаста на СЈО

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ватикан: Папата Франциск „добро реагира“ на болничкото лекување
Следна Статија Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во слепа улица

Оваа Влада го изгуби компасот за само шест месеци и ја води државата во слепа улица, она од што лично…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костовски: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

СДСМ и денеска бараат одговори во врска со истрагата за трагедијата во Кочани. Дискотеката „Пулс“ работела со блокирана сметка 217…

March 26, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират – Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, СДСМ денеска објавува нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ поткрепен со докази и факти.…

March 13, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?