Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски
МАКЕДОНИЈА

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски

Објавено March 26, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска обвини дека врз вработените во скопските центри за социјална работа бил извршен силен притисок да не излезат надвор од работните места и така да ѝ дадат поддршка на колешката Маријана, која беше ранета со два куршуми во оружен инцидент што се случи во Центарот за социјална работа во Прилеп. На вработените, како што рече Деаноски, им се заканувале дека ако излезат надвор и дадат поддршка на колешката од Прилеп и побараат други права, ќе бидат избркани од работа или ќе бидат распределени на други места.

„Како што знаете, пред некој ден во Центарот за социјални работи во Прилеп имаше немил настан во кој што корисник на услугите на Центарот со огнено оружје нападна наша членка на синдикатот на УПОЗ и ја повреди со два истрела, еден во раката, еден во стомакот. За среќа нашата колешка Маријана е во добра здравствена состојба, брзо се опоравува и посакуваме што побрзо да закрепне, да се врати на работа. Сакаме да истакнеме дека синдикатот на УПОЗ застанува позади неа и со секаква поддршка што ѝ треба, правна а верувам ќе ѝ дадеме и финансиска поддршка за нејзино поскоро опоравување“, рече Деаноски.

Она што е жално во оваа ситуација, како што нагласи, е што неговиот настап денес беше замислен да биде со вработени во центрите за социјални работи, кои само сакале да дадат поддршка на нивната колешка и да побараат од работодавачите побрзо да има мерки за нивна заштита на работното место.

„За жал, од вчера вечер по наредба на министерството за труд и социјална политика и раководителите и директорите од центрите за социјални работи, останав без колегите бидејќи сите се заплашени. Им се заканувале ако излезат надвор и дадат поддршка на колешката и побараат било какво друго право, ќе бидат избркани од работа или ќе бидат распределени на други места“, рече Деаноски.

Тој додаде дека ги охрабрува вработените и дека за правата на работниците не треба да се молчи, како и дека за правата на работниците треба да се бори и никој ништо не може да им направи.

„Никој не може да ги избрка од работа доколку сакаат да заштитат некој нивни колега“, рече Деаноски.

Тој потсети дека нивните барања се стари, од 2023 година, кога вработените од центрите за социјални работи почнале да се организираат во синдикатот на УПОЗ.

„Барањата се секогаш исти и верувајте првото барање кое сме го разговарале со поранешните министри било обезбедување на безбедноста на вработените“, нагласи Деаноски.

Тој посочи дека вработените во центрите за социјална работа се специфична група на вработени и дека во нив работат даватели на услуги, административни службеници и помошно техничкии лица.

„Секогаш работат со најмаргинилизираната група на граѓани во нашето општество и секогаш се изложени на голем ризик во работењето, напаѓани се вербално, напаѓани се физички, а она што се случи пред некој ден во Прилеп беше кулминација на сите напади до сега“, рече Деаноски.

Тој верува дека и работодавачите не сакале тоа да се случи, додавајќи дека имало известување од Министерството за социјална политика дека и тие го осудуваат нападот и дека ќе почнат да работат на тендер да може вработените безбедно и сигурно да работат.

„Се надевам дека нема да биде задоцнето и дека ова ќе биде добра порака, не само до вработените и работодавачите во центрите туку за целата администрација и до Владата дека овие луѓе кои што работат за државата треба да бидат заштитени“, рече Деаноски.

Тој рече дека условите за работа во центрите се лоши, дека вработените не добиваат никаков надоместок за дежурство, дека не добиваат никаков надоместок за приправност, како и дека влегуваат сами без полиција во случаи каде што има убиства без никаква заштита, а за тоа немаат ниту бенефициран стаж.

„Проблемите на овие вработени се огромни и за да избегнеме вакви ситуации во иднина овие проблеми мора што побрзо да бидат решени“, рече првиот човек на УПОЗ.

Тој исто така рече дека во овој момент излезени се надвор од работните места колегите од Велес, од Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, само во скопските центри за социјална работа имало најмногу притисоци да не излегуваат вработените во центрите за да дадат поддршка на повредената колешка Маријана, застрелана на работно место со два клуршуми.

„Поголем апсурд од ова нема“, рече Деаноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот
Следна Статија Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по нападот во Црна Гора, во кој 12 лица ги загубија животите и четири се…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи МФ да обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот

Владата денеска на седница го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје ги известува граѓаните…

May 9, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?