Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

Објавено November 12, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

На денешниот брифингот со новинарите што се одржа во судницата во Идризово, претседателката на Основниот кривичен суд, Даниела Димовска, истакна дека судот ќе ги обезбеди сите неопходни услови за фер и транспарентна постапка, со апел за почит и достоинство кон сите страни, особено кон жртвите и нивните семејства. Таа нагласи дека судот е исправен пред голема задача и дека е важно да не се подлегнува на сензационализам.

-Во постапката се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, во два предмети за кои сè уште нема одлука за спојување. Се преземаат безбедносни мерки, а побарана е и лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување, рече Димовска.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски информираше дека обвинителството е целосно подготвено, со проширен тим од 15 обвинители, со цел да не се дозволи одложување на рочиштата. Тој рече дека доказниот материјал е обемен, но нагласи дека постапката ќе биде ефикасна и фер.

-Јавното обвинителство ќе преземе сѐ во рамки на своја надлежност и нема да дозволиме ниту едно рочиште да биде одложено по вина на обвинителството и затоа донесовме одлука за проширување на обвинителскиот тим, сега, можеби бројот ќе достигне до 15 јавни обвинители со овластувања да постапуваат по предметот. Тоа не значи дека сите постојано ќе бидат во судница. Ќе бидат присутни на првото рочиште, а потоа согласно динамиката ќе бидат присутни тимови на конкретни рочишта, појасни Коцевски.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, повика на дисциплина и професионалност од страна на адвокатите, со цел да се овозможи непречено одвивање на процесот и заштита на правата на оштетените.

Со оглед на чувствителноста на случајот и бројот на оштетени – над 200 – надлежните упатија апел до медиумите и јавноста да се воздржат од сензационализам и да известуваат со сензибилитет и почит кон жртвите и нивните семејства.

Помеѓу обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10
Следна Статија Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок за доизградбата на Коридорот 8, а кој е постигнат меѓу Скопје и…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уапсен Ратко Капушевски

Попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации,…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија

Премиерот на Владата Христијан Мицккоски,денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?