Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование
МАКЕДОНИЈА

Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование

Објавено April 5, 2026 17:54
Сподели
Сподели

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира на предложениот пакет закони за високо образование и наука, барајќи од Министерството за образование и наука (МОН) да го продолжи процесот на јавна дебата, со цел да се избегнат, како што велат, „непоправливи штети“ врз системот.

Од НАкС информираат дека доставиле забелешки за сите три нацрт-закони, но дека значаен дел од нив не биле прифатени, а предложените решенија во суштина останале непроменети. Според синдикатот, предложените измени сериозно ја загрозуваат универзитетската автономија, преку пренесување на надлежности од независните тела кон МОН.

 

 

Синдикатот предупредува дека ваквите законски решенија оставаат простор за политичко влијание врз кадровските политики, финансирањето и управувањето со високообразовните установи. Посебно се критикува централизацијата на одлучувањето и зголемената улога на извршната власт во функционирањето на универзитетите.

 

Во однос на критериумите за избор во наставно-научни и научни звања, НАкС оценува дека тие се нереално поставени и тешко достижни, особено за младиот кадар, без соодветни услови за работа и финансирање. Наместо зголемување на квалитетот, предупредуваат дека ваквиот пристап може да доведе до одлив на млади научници и слабеење на академската заедница.

 

Дополнително, синдикатот посочува дека во Законот за научноистражувачка дејност нема јасна стратегија за континуирано и предвидливо финансирање на науката, што го доведува во прашање спроведувањето на поставените стандарди.

Како проблем се наведува и предложеното формирање на нова Агенција за квалитет, во која МОН ќе има директно учество, што, според НАкС, не е во согласност со европските стандарди за независност.

Синдикатот бара од МОН да организира дополнителни консултации и средби со засегнатите страни, со цел да се изнајдат решенија што навистина ќе придонесат за унапредување на квалитетот на високото образование и науката.

Од НАкС нагласуваат дека остануваат отворени за соработка и конструктивен дијалог, но предупредуваат дека инсистирањето на предложените решенија во сегашната форма може да има сериозни последици врз развојот на академскиот сектор во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РК Охрид по стапките на Алкалоид, против Целје за финале во Европскиот куп
Следна Статија Трамп со закани до Иран. „Отворете го еб*ниот Ормузски теснец, луди копилиња“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур

Судот за човекови права во Стразбур се чини стави точка на сите дилеми во јавноста во Македонија во врска со…

June 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Комплексот „Македонско село“ нема повеќе да скапува, напролет повторно ќе прима посетители

Комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези, кој веќе шест години е затворен, напролет повторно ќе ги отвори вратите за посетителите,…

December 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков во центарот на Битола ги отвори канцелариите на новото бугарско здружение „Балкански мост“

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, синоќа во центарот на Битола, неколку куќи подолу од седиштето на Сојузот на борци во Битола,…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме во тој период да ги…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?