Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска
ЗДРАВЈЕ

„Немаме Центар за изгореници, а имаме сè што ни треба – освен волја“, вели д-р Добрила Андоновска

Објавено March 23, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Поранешната раководителка и основачка на вториот Центар за изгореници во Македонија, д-р Добрила Андоновска, преку објава на социјалните мрежи потсети на значењето, работата и успешноста на овој специјализиран центар кој функционирал до 2016 година, апелирајќи за итна потреба од повторно негово отворање.

Центарот, кој беше сместен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, беше еден од ретките во регионот опремен со најсовремена технологија, вклучувајќи и уникатни клинитронови системи за третман на пациенти со тешки изгореници. Тимот беше составен од врвни хирурзи, анестезиолози, реаниматолози и медицински персонал, кои лекуваа над 1.300 пациенти со животозагрозувачки изгореници во период од 15 години.

Во Центарот се лекуваа и пациенти од странство, имаше потенцијал да прерасне во регионален центар. Работевме со посветеност, тимски, и со многу љубов кон професијата и пациентите“, посочува д-р Андоновска.

„Ова не е обвинување до актуелните власти. Напротив, им честитам за напорот што го прават да се згрижат повредените од трагедијата во Кочани, но истовремено мора да се отвори прашањето – дали државата ќе ја чини помалку да формира современ центар за изгореници или да продолжи да испраќа пациенти на скапо лекување во странство?“ – вели таа.

Таа потсетува дека цената на лекувањето на еден пациент со екстензивни изгореници во странство може да достигне и до 250.000 евра, додека во Македонија постојат и стручњаци и неискористени капацитети кои би можеле да се адаптираат за таа намена.

„И по најголемите шокови, доаѓа време кога треба рационално и одговорно да се донесат важни одлуки. Ова е момент кога мора да се направи стратегија, а не импровизација“, додава таа.

„Имаме искуство, знаење и подготвен кадар. Потребна е само визија и политичка волја. Современ Центар со капацитет од најмалку 50 легла не е само здравствен приоритет, туку и стратешка инвестиција во безбедноста и добросостојбата на граѓаните“, порачува д-р Андоновска.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата и им посака успешно и целосно закрепнување на сите повредени. Завршува со апел – откако ќе заврши овој тешок период, да се седне со „ладна глава“ и конечно да се направи долгорочна стратегија за третманот на изгореници во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
Следна Статија Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани

Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е…

January 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Овој едноставен напиток ќе ви помогне да ги ублажите симптомите на грип и респираторни инфекции

Сокот од бозел е еликсир за зајакнување на имунитетот, борба против инфекции и подобрување на целокупното здравје. Бозелот одамна е…

March 2, 2025
ЗДРАВЈЕ

Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена…

April 25, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?